5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

100-тина Прилепчани пријавени за фаќање на Светиот крст

Прилеп се подготвува  за најмасовната верска манифестација  – традиционалното фрлање на Светиот крст и осветувањето на водите по повод православниот празник Богојавление – Водици. Богојавленскиот водосвет- фрлањето на крстот- ќе се изврши на 19-ти јануари,во базенот на Аква паркот „Салида„ во 12,00 часот. За фаќањето на Светиот крст пријавени се 99 верници, меѓу кои  и 7-ум девојки. Најмладата, која ,в петок на Водици, ќе скока по Светиот крст е Михаела Ристеска (2005 ), а најмлади пријавени момчиња се Филип Трајкоски (2004) и Андреј Трајкоски(2004).

На фрлањето на Светиот крстот ќе му претходи богослужба, света литургија во 4,оо часот, а од 6.30 ќе се изврши осветувањето на водите во кругот на црквата Св. Благовештени, но и истиот чин ќе се одвива и во останатите црковни храмови Прилеп.

Празникот Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот означува соединување на човекот со Христа. Toj важи за еден од најголемите христијански празници. Со него завршуваат 12-те т.н. некрстени денови и циклусот зимски празници како Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и други. На Богојавление на полноќ се верува дека се отвора небото, се појавува Бог, а луѓето му се обраќаат за да им ги исполни нивните желби. Во тој миг водите престануваат да течат и стануват лековити.

Петок, 19 јануари, неработен ден за православните верници

Инаку, според Министерството за труд и социјална политика дека согласно со Законот за празниците на Македонија , 19 јануари (петок), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.

 

Би можело да ве интересира

Решение за водоснабдување на с. Јакреново

Елизабета Филипоска

Прилепски компании доброволно ќе шијат заштитни маски

Елизабета Филипоска

И, модуларната болница во Прилеп се полни – засега имунизирани над 350 лица

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе