29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Започна рехабилитацијата на дел од регионалниот пат Градско – Прилеп

Стартуваа градежните работи за рехабилитација на патот од Дреново до Фариш. Средствата се од буџетот на ЈП за државни патишта, со кои што се обновува најоштетениот дел од регионалниот пат Градско – Прилеп. Станува збор за инвестиција од 1,5 милиони евра.
Работите започнаа неделава, а во зависност од временските услови, ќе траат од 30 до 45 денови.

 

Неодамна, на средбата со прилепските стопанственици од Регионалната стопанска комора, ресорниот министер Горан Сугарески најави дека паралелно со градежните работи, ќе биде објавен тендер за доизградба на трите ленти на постојниот пат.

Би можело да ве интересира

Мала Преспа во Албанија ќе се ревитализира со 3,5 милиони евра грант од германската банка КФВ

Прилепскиот совет го усвои ребалансот на буџетот

Талевски: Се обврзавме и стоиме на ветеното за тутунарите

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе