7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во регистарот на професионални онлајн медиуми и порталот www.radiopela.mk

Нашиот портал www.radiopela .mk  е дел од регистарот на професионални онлајн медиуми достапен на www.promedia.mk, што го објави Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за eтика во медиумите на Македонија (СЕММ) , почитувајќи ги професионалните стандари и критериуми во медиумската сфера. 

 

 

ЗНМ и СЕММ информираат дека веб-страницата на којашто се достапни податоци за професионалните онлајн медиуми www.promedia.mk од денеска е функционална и достапна за јавноста. Во моментот Регистарот го сочинуваат 101 онлајн медиум, кои објавуваат содржини на повеќе јазици.

Главни критериуми кои треба да ги исполнат онлајн медиумите за да станат дел од Регистарот се: транспарентно сопствеништво, објавен импресум, почитување на стандардите на Кодексот на новинарите, Повелбата за етичко известување за избори и Статутот на СЕММ, објавените текстови да се потпишани од автор, а доколку се преземени од други медиуми тоа да биде наведено, во согласност со Законот за заштита на авторски права.

Главната цел за креирањето на овој Регистар е да придонесе да се поттикне процесот на професионализација во работењето на онлајн медиумите, а со тоа и подобрување на нивниот кредибилитет, како и препознавање на оние кои ги почитуваат стандардите наспроти неетичките кои го нарушуваат угледот на професионалните онлајн медиуми.

Постапката на креирање на Регистарот се одвиваше според критериумите усогласени меѓу СЕММ и ЗНМ по примери од практиката на развиените демократски општества и Советот на Европа, а беше консултирана и медиумската и бизнис заедницата во државата. Освен тоа, процесот на саморегулација го поддржа и Стопанската комора на Македонија , којашто упати апел до своите членки за рекламирање и огласување само во онлајн медиумите кои се дел од Регистарот на професионални онлајн медиуми. Процесот го поздрави Делегацијата на ЕУ во Скопје, канцеларијата на ОБСЕ во Виена, Американската амбасада во Скопје, како и од Европската федерација на новинари.

Саморегулацијата на медиумите продолжува да биде заедничка заложба на нашите организации за доброволно воспоставување критериуми и придржување до нив во рамките на процес кој е отворен за јавноста. Оттаму, потсетуваме дека членството во Регистарот на онлајн медиумите е менливо и е процес кој тековно ќе се развива. Ова подразбира дека медиумите кои во  моментот не се дел од Регистарот, а ги почитуваат условите за членство ќе може да се придружат додека, пак, оние кои веќе се дел од Регистарот, а се потврди дека не ги почитуваат критериумите за членство и етичките правила нема да имаат статус на активни членови.

Би можело да ве интересира

Дарко Неданоски испишува историја за македонската спелеологија

Гордана Цветаноска

„Прилеп Фолк Фест“ – деветто издание, вечер на современи македонски песни

Пела Редакција

Градови во Македонија ги зафати невреме со силен дожд, грмотевици, град, поплави,…

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе