1.4 C
Прилеп
недела, 26 јануари, 2025
Пела Радио

Ѓурѓовден празникот на обновување на природата

Денеска е Ѓурѓовден , празник на обновувањето на природата и на животот воопшто

Празникот на светиот великомаченик Георгиј познат како Ѓурѓовден се празнува на 6 мај според новиот (или на 23 април според стариот) календар. Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското, туку и целото население во Македониј,а што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто.

На Ѓурѓовден се изведуваат најразлични обичаи. Ниту за еден друг празник не ги има толку со магиско апотропејска цел како што е случајот со Ѓурѓовден. А сето тоа има за цел да осигура плодност на стоката и полињата, здравје, среќа и напредок на луѓето. Затоа во една македонска народна пословица се вели: „Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си Митровден”. На овој ден се избираат селски одборници, протуѓери, полјаци, потоа се главуваат момоци, овчари, козари, говедари итн. Берењето на штотуку изникнатите и разлистени растенија е поврзано со обичајот запотнување, како и со обичајот крмење на стоката, а тие пак со верувањето во магичната моќ на билките.

Би можело да ве интересира

Утревечер во прилепскиот театар, претстава за еден трагач по индивидуалната слобода

Пела Редакција

“Подари со радост” во духот на патронот Свети Никола

Гордана Цветаноска

Извидниците „Од срце за Вики! “- во хуманитарна акција

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе