11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(Галерија) Фудбалерите и спонзорот од „Златна рака“ донираа за Општата болница „Борка Талески“

Турнирот во мал фудбал по повод патронот на градот Прилеп „Свети Никола 2017“поради својот хуманитарен карактер пробуди и предизвика низа позитивни реакции меѓу спортистите и спонзорите – поддржувачи на спортот. Како што беше ветено – така денеска беше и реализирано!!!
Носителите на првото место во категоријата ветерани на светиниколскиот турнир – екипата на „Златна рака“ како што ветија при освојувањето на пехарот, го испочитуваа доследно – наградата во висина од 20 000 денари тие ја донираа за потребите на Општата болница „Борка Талески“.
Имено, денеска претставници на екипата во мал фудбал под спонзорство на градежната фирма „Златна рака“ ја донираа својата награда за првото место од турнирот, плус и дополнителни финансиски средства од спонзорот во медицински апарати и други здравствена опрема за потребите на прилепската болница.
Ова не е прв пат прилепските спортисти и стопанствениците несебично да донираат во хуманитарни цели, но е прв пат од овој популарен турнир во мал фудбал по повод патрониот празник на Прилеп – големиот православен празник Свети Никола, да се упатуваат донации за одредени хумани цели, во случајот наменети за потребите на Општата болница „Борка Талески“.
Инаку, екипата под спонзорство на фирмата„Златна рака“ три пати учествува на турнирот на мал фудбал „Свети Никола“ и сосема заслужено го освои првото место на турнирот во катероријата на ветерани, кој и годинава се покажа како еден од најкоректните, во вистински спортски дух, а при тоа предизвикува огромен интерес кај прилепската спортска публика.

Би можело да ве интересира

Македонија чекор пред сите во светот – Пуштена во употреба најголемата автоматска линија за резервоари за гас и водород

Гордана Цветаноска

Не’ очекуваат рестрикции, Владата донела Уредба за енергетска криза!

Гордана Цветаноска

Решение за водоснабдување на с. Јакреново

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе