0.8 C
Прилеп
петок, 27 декември, 2024
Пела Радио

За ПЧЕЛАТА – најбитното живо суштество на Планетата, по повод 20-ти Мај, Ден на пчелата

На денешен ден, 2017 г. Обединетите Нации одлучија да го прогласат,  20 Мај за Ден на најспособното и најважното суштество на планетава -Пчелата! Ова идеа е  по иницијатива на Словенија,  најбогатата земја по пчелни семејства, најзелената и најчиста земја во Европа , во чест на роденденот 20 – ти мај, на  нивниот, Антон Јанса,  словенски пчелар и учител по пчеларство кој живеел во 18-от век, и кој прв напишал прирачник за работа со пчели и го потенцирал значењето на „нејзината светост“ ПЧЕЛАТА, во опастојувањето на растенијата и природата.

Зошто  пчелата е битна во биодиверзитетот ?!

70-80 % од опрашувањето на растенијата, (за нивно размножување)  е заслужна пчелата. Доколку  ја снема пчелата од  Земјината топак,  останатиот свет би изумрел за 4 години ( Алберт Ајнштајн ), а човечкиот род,(човечкото суштество) би го снемал од планетата за 30 години.

 

За економијата – Пчеларството има директни приходи на светско ниво околу 3 билиони долари, а индиректно придонесува со 300 билиони со опрашувањето во земјоделието. Затоа , челниците и владите во светот се повеќе се освестуваат за важнотста на пчелата и за потрребата од подршка на пчеларството . Се зголемуваат буџетите за парична помош за развој на пчеларството како посебна гранка , а во некои држави дури и овоштарите плаќаат по 40 $ за пчелно семејство ,на одгледувачите на пчели за да  им ги донесат пчели во нивните овоштарници ,заради квалитетно и брзо опрашување на овошните насади. Интересн и корисен начин на соработка, што може да биде применлив и во Македонија!

И, најважно , пчелата е единствено суштество во природата кое произведува храна која човекот не мора да ја преработува.

Но, за жал, па и на Балканот и пошироко, пчеларството како корисна гранка се наоѓа на маргините и се смета за директно непрофитабилна дејност за државата .

 

Друга опасност,  за пчелите кај нас е прскањето на овоштарниците. Секоја година, во време на сеидби, заради  заштита на посеви и средување на овоштарниците, се случуваат труења на пчелите поради штетни хемиски препарати и не правилни , не едуцирани, прскања против болести и штетници  на овошките, наместо тоа да се прави со природни , билни препарати кои нема да им наштетат ниту на овошките ,ниту на пчелите кои ги опрашуваат дрвата. Оваа година, таков значаен помор имаше во Украина , Бугарија , Србија итн.

Треба да се свати дека пчелата не е обичен добиток (животно). Ако на сточарот му се ортуе стоката тогаш е тоа голема штета. Но доколку се отриуе пчелата ….тоа ,никому ништо! Најбитното суштество на планетата земја, за жал нема третман ниту на добиток ! Како што на сточарот му е важен добиткот, така за  пчеларот стока (добиток),  е ПЧЕЛАТА!

Пчелата е, исто така,  изложена и под друга опасност.Тоа е ЕМБ. Таа е како индикатор на лошите влијанија на модерната технологија, како електромагнетните бранови , затоа што има најчувствителни сензори за комуникација со природата,  магетно поле, радијација, глобалните временски пореметувања…Значи се што е лошо во околината, во природата, пчелата ке ви „каже“ со нејзиниот инститк, со нејзиниот развој,  приноси на мед или помор.

Па,  зошто да не се прогласи пчелата за свето битие во религиозниот христијански, муслимански, будистички,во целиот свет , кога на пример со кравата во Индија или Хиндуизмот која е прогласена за свето животно !?🤔

Затоа јас, кој се занимавам веќе 20 години во пчеларството и сум длабоко навлезен во оваа проблематика, наука , систем на комплексносензитивен и строг начин на  функционирање, кој човекот никогаш нема да го достигни, одговорно тврда дека пчелите се најважните живи суштества на Земјата.

Затоа,  ВЕ ПОВИКУВАМ, драги мои колеги, пријатели, сограѓани чувајте ја и уважувајте ја пчелата и пчеларството, купувајте пчелни производи за подршка на пчелите , пчеларот ,земјоделието. здравјето, економијата и СЛАВЕТЕ ГО ОВОЈ ДЕН НА ПЧЕЛАТА, 20 -ти МАЈ !

Поздрав , МЕДНО и БЕРИЌЕТНО !

Пишува: Зафир Зафироски – Пчеларско друштво “Братство“ – Прилеп

Би можело да ве интересира

Светскиот ден на предвремено родени деца во Прилеп одбележан со хуманитарна акција

Мартинки за среќа во знак на доаѓањето на пролетта

Елизабета Филипоска

Сеќавање на прилепчанецот Илија Милчин – 22 години без еден од најголемите македонски актери и режисери

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе