недела, 13 октомври, 2024
Пела Радио

ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп: наскоро, кривични пријави за сторен криминал од локалната власт на СДСМ и градоначалникот Јованоски

На прес конференција, денеска од Регионалниот центар за комуникации Прилеп при ОК на ВМРО ДПМНЕ, посочија за сериозни обвинувања за наводно криминално трошење на пари од граѓаните, без објавен тендер, од страна на градоначалникот и неговите соработници.

– До минатата година општината објавуваше тендер за зимско одржување и чистење на улиците и патиштата, услуга која лани граѓаните ги чинела 4.694.630 денари. За оваа услуга минатата година Општина Прилеп склучила договор со фирмата КН-ЕЛМОНТ ДООЕЛ од Прилеп, која легално на тендер ги добила парите за услуга.
Оваа година пак општина Прилеп, предводена од Илија Јованоски, за истата услуга, без објавен тендер за набавка и со истата компанија склучила договор преку постапка на непосредно договарање, или познато како договор во четири очи.
Значи повторувам, за истата услуга зимско одржување на улиците и патиштата, Јованоски потпишал договор со истата фирма, но во висина од 7.031.041 денар.
Како е можно истата услуга оваа година да чини околу 2,5 милиони денари повеќе?
Зошто Јованоски се дрзнал да склучува милионски договор без тендер и на ваков начин да се расфрла со парите на граѓаните?
Дали конечно ќе реагира Основното јавно обвинителство и по допрен глас ќе го истражи овој случај, запраша Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на денешната прес конференција.

Во продолжение копии од двата договори:

Би можело да ве интересира

Зошто се преуредуваат маалските парковски површини?!

Елизабета Филипоска

За состојбата во здравството критикуваше опозицијата. Власта возврати со соопштение

Елизабета Филипоска

Мицкоски од Прилеп: Пораката од пописот е поразителна

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе