29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Во храмот Параклис ќе бидат изложени моштите на Св. Климент Охридски и Св. вмч. Пантелејмон

На 08.08.2024г. (четврток), на вечерна богослужба и акатист во 17:00 ч. и 09.08.2024 г. петок во 07:00 ч. со Светата Божествена Литургија храмот Св. Кирил и Методиј Прилеп – (ПАРАКЛИС), ќе го прослави патронот и заштитникот на  Македонија и македонски народ, свети Климент Охридски и Св. вмч. Пантелејмон.

Во поканата до верниците се вели дека на овој ден ќе бидат исложени и моштите на светците:

“Богобојазливо да се поклониме и помолиме на нивните мошти кои престојуваат во нашиот храм и да измолиме мир, здравје и благосостојба за нашите семејства и нашиот град “– стои во поканата од храмот до верниците.

МОШТИТЕ  на свети Климент Охридски и Св. вмч. Пантелејмон ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ЗА ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕКУ ЦЕЛИОТ ДЕН НА 08.08.2024 (четврток) и 09.08.2024 петок.

Храмот е отворен секој ден со работно време од 06:00 ч., до 18:00 ч,стои во соопштението до верниците.

 

 

Би можело да ве интересира

Академски час на Академик, проф д- р Валентин Мирчески – Електронот е Божјата честичка во рацете на хемичарот

Како Прилеп ќе го одбежи 15-ти октомври, Меѓународниот ден на руралната жена?

(ВИДЕО)Ристески: Реалните откупни цени во договорите се најважни за иднината на македонското тутунопроизводството

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе