17.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Семакедонски собир во Прилеп по повод роденденот на Гоце Делчев

Здружението „Граѓанска иницијатива за национална, културна и европска интеграција на македонскиот народ“ утре во Прилеп по 15 пат ќе одржи семакедонски собир. Македонци од повеќе држави од Европа и прекуокенските земји ќе учествуваат на собирот кој ќе биде на тема: Положбата на Македонците во соседните држави, со посебен осврт на актуелните случувања околу преговорите за името со јужниот сосед.Иницијаторите Здружението Граѓанска иницијатива за национална, културна и европска интерграција на македонскиот народ очекуваат голем број гости и еминентни стручњаци.

Собирот традиционално се одржува по повод роденденот на револуционерот Гоце Делчев. Годинава се навршуваат 146 години од раѓањето на големиот револуционер, а во таа чест ќе бидат положени венци и свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во дворот на Основното училиште што го носи неговото име во Прилеп.Инаку, Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев е роден во Кукуш на 4 февруари 1872 година. Тој е македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Во борба со турската војска, Гоце Делчев.загина на 4 мај 1903 год во Баница, Серско, денешна Грција.

Би можело да ве интересира

Витаминка обезбеди пристап до едукативна платформа за помош при онлајн учење за децата на своите вработени

(ВИДЕО) Без спортски сали, нема развој на спортот – порачаа прилепските спортски ветерани

Министерството за финансии исплати над 2 милијарди денари субвенција за предаден тутун од реколтата 2025 та

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе