9.5 C
Прилеп
недела, 27 април, 2025
Пела Радио

Богојески од Прилеп: Не сме сите исти, треба да ни дадете шанса!

Предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт денеска во посета на Изборната единица 4 и на Прилеп каде преку средби со граѓаните ги претстави најзначајните предлог решенија и дел од програмата.

-Најзначајно е во директните средби со граѓаните, не ние да им кажеме како, но тие да ни кажат кои се нивни главни прашања, а ние да им дадеме одговори. Главното прашање на прилепчани е: „сите сте исти, кого и да гласаме секогаш е исто“. Наш одговор на тоа прашање е: Не сме сите исти, но единствен начин да покажеме дека сме различни, е треба да ни дадете шанса да покажеме дека може да има поинакво поведение во Парламентот на Република Македонија, рече Петар Богојески, промотор на Македонски концепт.

Во однос на главните поенти врз што се темелат разликите во политичкиот концепт со останатите политички опоненти Богојески посочи дека:

„Ќе бараме буквално – при формирање на владина коалиција, тоа ќе биде условено со претходно донесени законски решенија за европеизација и демократизација на земјата, закон за политички партии, закон за Влада и намалување на бројот на министрите, промена на уставот и намалување на бројот на пратениците.Но највеќе закон за финансиска лустрација, преку која мора да поминат, а прво мора да се донесе закон, па да поминат кандидатите за министри, па да станат министри на оваа држава, а не најдокажаните апаши, да бидат преку ноќ прогласувани за министри. Друг значаен закон за формирање на влада и да добијат поддршка од наша страна тоа е законот за обесштетување на граѓаните, тој е многу важен за Прилеп и регионот. Да донесеме ситуација, за да донесеме историска правда, бидејќи сега во овој момент сите живееме со чувство на непревда и неправичност од тоа што се случуваше во времето на транзицијата и приватизацијата на општествениот капитал. Во малку раце е целокупното богатство во земјата, а граѓаните едвај живеат од ден на ден“, посочи Богојески.

Носителот на кандидатската листа за пратеници во ИЕ 4 Жарко Бошкоски од Македонски концепт, потенцираше на моментот, периодот на одржување на изборите, кој што пак согласно слоганот на платформата.
Ова е последна шанса да сториме нешто за нашата држава. Како кандидат за пратеник напоменувам дека ќе поминам повеќе време со граѓаните по изборите, наместо пред изборите. Тоа, не го правеа останатите пратеници, немате такво искуство. Јас ќе бидам човек кој што ќе се среќава со граѓаните и ќе ги решава нивните проблеми“.

Би можело да ве интересира

Одлуката за пренамена на средствата од општинскиот буџет тема на дискусија на ОК на ВМРО ДПМНЕ -Прилеп

Елизабета Филипоска

Николоски- Филипче веројатни носители во 4ИЕ на листите за парламентарните избори од големите политчки партии

Елизабета Филипоска

Пачешкоски: градоначалникот Јовчески има НУЛА реализирани проекти

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе