9.1 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Концертите се враќаат на сцена, одобрени протоколите

Музичките концерти и настани се враќаат на сцената ова лето, по речиси 4 месечна пауза.   Министерот здравство Венко Филипче, денеска рече дека Комисијата за заразни болести го прифатила предлогот на Здружението на музичари и на преставници на здруженијата за организирање на настани, одобрила, односно усвоила нови протоколи за организирање на музички настани.

Министерот изјави дека ќе се дозволат музички настани, но капацитетот на објектите да биде полн 50 отсто, картите да се купуваат само по електронски пат и сите кои присуствуваат на настанот да носат маски.

„Денеска е донесена дозвола да се организираат јавни настани со тоа што местото треба да биде пополнето не повеќе од 50 проценти од капацитет каде што ќе се организира настанот. Здруженијата земаат и обврска самите да го контролираат спроведувањето на превентивните мерки на местата каде што ќе има настани, што е апсолутно за пофалба таквиот нивни професионален пристап“, рече Филипче на прес конференција во Скопје

Би можело да ве интересира

(ФОТО)Симболот на Македонија, Ансамблот „Танец“ ,настапува во Прилеп

Вечерва започнува Макфест. Кој ќе го претставува Прилеп?

Пела Редакција

Стојаноски: Прилеп има потенцијал да биде предводник на ликовната сцена

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе