29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилеп: Двајца починати и двајца новозаразени од Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на Kовид-19.  Починати се 4 лица, а оздравени 97, соопшти Министерството за здравство. Новозаразените  во најголем број се од Скопје – 83, додека од Прилеп се два нови случаи. Починати се 4 лица, двајца од Прилеп, еден пациент од Скопје и еден од Тетово.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 97 оздравени лица, најмногу од Скопје – 71, а од Прилеп нема ниту еден.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8530, бројката на оздравени пациенти е 4565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3572.

Би можело да ве интересира

Прилеп, петок, 31 јули, нема новозаразени од Ковид 19, а еден од општина Долнени

Џез вечер со Клод Болинг во фоајето на Цепенков

Општина Прилеп објави јавен повик за надомест на дел од трошоците за набавка на велосипеди

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе