29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Креативен конкурс на тема „Чувај го здравјето“

Регионалниот центар во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата II фаза“, кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, а кој е поддржан од ifa/Zivik Федерална канцеларија на Сојузна Република Германија, во текот на летово распиша креативен конкурс за ученици од 10 училишта кои се вклучени во истиот.
Имено, Креативниот конкурс е во духот на кампањата за заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, а темата е: „Чувај го здравјето“. Материјалите кои ќе учествуваат на конкурсот треба да го промовираат почитување на мерките за заштита од Ковид -19. На конкурсот ќе учествуваат ученици од десет средни училиште и тоа со : цртежи, видеа, песни, раскази и пораки. Материјалите добиени на конкурсот ќе ги оценува комисија составена од ученици од училиштата, а најдобрите ќе бидат и наградени.

Би можело да ве интересира

Кога Младинскиот центар во Прилеп ќе биде ставен во функција?!

Пела Редакција

Алексоски: Животот по премиерата е првиот успех на претставата

Пела Редакција

❤️Со љубов за Никодим – хуманитарен настан❤️

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе