2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

ФФМ вели „ДА“ стадионот е сега во надлежност на општината, а Општината вели „сеуште НЕ„ – која е вистината?!

Фудбалскиот стадион во Прилеп, „Гоце Делчев“ има нова тревна подлога и нови рефлектори, со ова ФФМ со помош на Хет-трик програмата на УЕФА го исполни својот дел од договорот со Прилеп .

„Претставници на Фудбалската федерација на Македонија извршија примопредавање со Општина Прилеп после целосното завршување на инфраструктурните работи на стадионот “Гоце Делчев” во Прилеп кои беа во надлежност на ФФМ. Според договорот, сега стадионот е целосно во надлежност на Општина Прилеп. 

Во договорот со општина Прилеп, општината треба да изгради посебна трафостаница за користење на новото осветлување на стадионот “Гоце Делчев”, а љубителите на фудбалот се надеваат дека во многу скоро време општината ќе го заврши својот дел од работите поврзани со трибините и потрибинскиот простор и конечно стадионот ќе го добие својот вистински фудбалски лик “ – пишуваат од ФФМ на нивата официјална страна .

Општината пак, со допис до медиумите , со реакција, ја демантира објавената информација на официјалната страна на ФФМ, според која стадионот во Прилеп и’ е предаден на Општината.

Имено, претставници на локалната самоуправа и градоначалникот Илија Јованоски, заедно со претставници на ФФМ, изведувачите на работите за ставање во функција на рефлекторите и тревникот, денеска го посетиле Градскиот стадион „Гоце Делчев“ . Во дописот се вели дека и после извршениот увид, бил констатирано дека треба да се доработи поставувањето на тревникот зад двата гола, чија вкупна површина e околу 1.800 м2, да се преземат дополнителни активности за рамнење на поставениот тревник, како и да се изврши регулирање на прскалките за негово наводнување.  Што се однесува до рефлекторите, факт е дека тие се ставени во функција. Меѓутоа, за запазување на пропишаните стандарди и непречено одигрување на фудбалски натпревари во вечерните часови, потребно е да се изврши фокусирање на светлото од рефлекторите. – се вели во дописоt до нашиот медиум, и се додава:

„Откако ФФМ, ќе ги отстрани увидените недостатоци и ќе изврши комплетно завршување на планираните инфраструктурни зафати, Општина Прилеп ќе го потпише Договорот за примопредавање на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ и ќе ги преземе сите преостанати градежни и други активности за негово ставање во функција.“- пишува на крајот од реакцијата на локалната власт, демантирајќи ја притоа веста на ФФМ, дека денсека градскиот стадионот е предаден во надлежност на Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

Победа ја симна Шкендија од челното место

Гордана Цветаноска

Нема повеќе членарина за најмладите во школата на ФК Победа

Гордана Цветаноска

Ако обезбеди опстанок – Победа ќе има европски буџет

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе