2.7 C
Прилеп
среда, 22 јануари, 2025
Пела Радио

Едно лице почина на 54 години од КОВИД 19, а 8 се новозаболени

Денеска (05.09 2020) во општина Прилеп има 8 случаи на заболени од коронавирус, а од последици на коронавирусот, почина едно лице на возраст од 54 години. 4 лица оздравеле од заразната болест, информираат од Центарот за јавно здравје – Прилеп.

Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 142. Од нив, 115 лица се наоѓаат на домашно, а 27 на болничко лекување. Вкупниот број на заболени од вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 518.

Но, состојбата е загрижувачка зашто, речиси секојдневно во Прилеп, оваа недела, во просек има 8 новозаболени лица. Вкупно со денеска, бројот на новозаболени оваа недела изнесува 47 лица. Вчера , петок беа регистирани 4 случаи, во четвртокот,  12-сет , во средата 8 , во вторникот 15  кои беа со лесна клиничка слика, а во понеделникот немаше нови случаи на заболени од коронавирус.

Би можело да ве интересира

Крушевчани ќе пошумуваат

Елизабета Филипоска

Нови можности за угостителите во Крушево по посетата на тур оператори и новинари од Хрватска

Гордана Цветаноска

За потребите на земјоделството во прилепско поставени агрометеоролошки станици

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе