29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Горан Кузески e назначен за директор на Центарот за јавно здравје – Прилеп

Горан Кузески е новиот в.д директор на Центарот за јавно здравје – Прилеп. Од Министерството за здравство денеска информираа дека изминатите денови се назначени 14 нови в.д. директори на јавни здравствени установи низ државата.

Кузески е епидемиолог, долгогодишно  вработен во Центарот за јавно здравје – Прилеп.

Тој ќе ја наследи позицијата директор  на Центарот за јавно здравје – Прилеп. од досегашната директорка, Драгица Николоска.

Што се однесува до ЈЗУ Општа болница “Борка Талески” – Прилеп, докторот специјалист по ортопедија Кире Јоноски, е именуван за директор на прилепската болница “Борка Талески”. Кире Јоноски, е и советот на општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,  на позиција в.д директор доаѓа на местото на досегашната директорка , Кети Смилеска.

Би можело да ве интересира

Се продава Мерцедес – пали, вози!!!

Пела Редакција

Седница: Стоматолошка опрема на користење во основни училишта и грaдинка и минибуси на трајно користење на ЈП за ПУП

Пела Редакција

Во прекин сообраќајот Кривогаштани -Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе