7.2 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

Прилепчанецот Иван Јованоски, дел од бронзениот тим на Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика

Дека земјава има песпективни, талентирани информатичари покажа 4-тата по ред Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2020), која од 2 до 6 септември се одржа како онлајн натпревар во Грузија, а македонската екипа освои бронзена медалја. Прилепчанецот Иван Јованоски беше дел од македонскиот тим во кој што беа и натпреварувачите Сара Стефановска од Крива Паланка, Атина Рувинова од Охрид, Јан Стојановски од Скопје, и како неофицијален натпреварувач Ева Димитриевска од Куманово, раководени од своите лидери, д-р Миле Јованов и м-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).
Официјален домаќин на ЕЈОИ 2020 е Грузија, а главен организатор е Министерството за образование, наука, култура и спорт на Грузија. Примарна цел на ЕЈОИ како значаен и елитен образовен настан е да се поттикне интересот за информатиката кај децата од помала возраст (до 15,5 години) во сите земји од Европа, како и да се овозможи на најдобрите европски млади таленти на оваа возраст да ги покажат знаењата и вештините кои што веќе ги стекнале во оваа област, а поконкретно во програмирањето.
Секоја земја на ЕЈОИ учествува со тим кој се состои од четворица натпреварувачи, лидер и заменик лидер на тимот, а оваа година заради специфичните околности (онлајн натпреварување), беше овозможено да бидат пријавени и неофицијални натпреварувачи чии резултати не се земаат во предвид при официјалното рангирање. Учениците се натпреваруваат во решавање на алгоритамски проблеми во два натпреварувачки дена.
Заради пандемијата, оваа година за првпат Европската јуниорска олимпијада по информатика се спроведуваше онлајн, при што натпреварувачите од секој национален тим беа надгледувани од страна на нивните лидери. Дополнително, заради обезбедување на комплетна регуларност на натпреварот, натпреварувачите беа и под постојан видео надзор (видео камера и софтвер за снимање на сите активности на натпреварувачот на компјутерот на кој што работи).
Македонскиот тим се натпреваруваше од просториите на ФИНКИ, што ги овозможи сите услови за квалитетно техничко поврзување со Грузија.
На ЕЈОИ 2020 учествуваа вкупно 92 ученици од 27 европски земји. Во исклучително силната конкуренција, освојувач на бронзениот медал за Македонија е ученичката Сара Стефановска од Крива Паланка. Овој успех на нашиот тим уште еднаш потврдува дека младите македонски ученици поседуваат знаење со кое што може да се носат рамо до рамо со своите врсници од цела Европа, па и пошироко.
Извор:МИА

Би можело да ве интересира

Што изработија учениците на тема „Мирисот на тутунот кој ги обојува детските игри“ (ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

(ФОТО) Крушевчани во акции за заштита на животната средина

Елизабета Филипоска

Ајде да учиме музика – уписите се во тек во музичкото училиште во Прилеп. За кој инструмент е надарено вашето дете?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе