1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

ОБУКИ И ОТВОРЕНИ ДЕБАТИ

Центар за граѓанска иницијатива во рамките на своите активности работи на реализација на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата II фаза“, кој е поддржан од ifa/Zivik Федерална канцеларија на Сојузна Република Германија.

Ова е проект со кој се опфатени десет училишта од целата држава. Во текот на месец октомври во 5 средни училишта беше реализиран тренинг на тема „Изработка на приказни – застапување за промени“. На оваа обука младите ја учеа методологијата на раскажување приказни за застапување. Младите ќе научат како да дојдат до информацијата и како да ја презентираат истата. Обуката ја води новинарот и уредник Горан Михајловски.

Во другите 5 средни училишта се реализираа отворени дебати на тема „Младите поставуваат прашања“. На овие дебати учествуваат ученици од секое училиште и претставници од локалните самоуправи, јавни претпријатија и граѓански организации. Младите ја користеа можноста за поставување на прашања до присутните од една страна и од друга страна се залагаа нивните идеи да бидат вклучени во програмите на институциите за наредниот период.

Би можело да ве интересира

ОТВОРЕНА ДЕБАТА ВО СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Гордана Цветаноска

Брошурата ,,Превентивата е подобра од лекот’’- водич за важноста на превентивните прегледи

Елизабета Филипоска

Наградени најдобрите средношколски лични творби

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе