3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Како Михаил го одбележа својот именден?! – Денеска е Свети Архангел Михаил, водач на сите небески сили

Денеска православните верниците го празнуваат верскиот празник Собор на свети архангел Михаил, меѓу народот попознат како Св Архангел Миахел. Многу прилепски семејства го имаат како свој заштитник и куќна слава , а  еден од најстарите и најубавите манастири во Варош, манастирот Св. Архангел Михаил го носи името на светецот .  Овој празник е еден од поголемите есенски празници, а Црквата го определила овој ден, за празник во чест на сите ангели, а најмногу на свети архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили. На овој празник именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Рајна, Ратка…

Денес, кога социјалната дистанца е зголемена, кога посетитете во домот се редуцирани или сведени на минимум, кога пријателите и роднините ги слушаме и гледаме само преку телефони и на социјалните мрежи со цел превентива од вирусот кој го нападна светот, чествувањето на имендените е оставено за некои подобри времиња. Но, не и одбележувањето на именденот !Еве, како едно младо момче денеска го одбележа својот именден?! Младиот Михаил Мики Здравески одлучи на „поинаков“ начин да го прослави својот именден.

Нежалејќи време и средства, и не тагувајќи дека оваа година нема да го слави именденот со роднините и пријателите, тој одлучи да направи нешто што го постави на пијадесталот на младо момче хуманост и доброчинител. Имено, средствата наменети за организирање на неговиот именден, Михаил ги пренамени во дониција за болните од КОВИД 19, кои се на болничко лекување во ОБ „Борка Талески„- Прилеп .  

Набави овошје и вода,  ги спакуа производите со помош на неговото семејство и ги донира на пациентите и медицинскиот персонал. Им ги однесе лично, и на болнте им посака сила да оздрават, а на лекарите да го чуваат својето здравје и да ги чува Господ .

Браво Михаел! Честито и вечно Име!

„Нека биде поттик за останатите , да се поправиме сите како луѓе. …Благодарност до др. Мирјана Крстеска која не пречека со топло срце иако беше преплавена со пациенти. Господ да ве чува    “ … напиша на фејсбук неговиот татко , познат фризер во Прилеп.

Во продолжение ви го пренесуваме статусот во целост

Ова Денеска е именденот на мојот лав  Михаил Мики Здравески и тој реши оваа година еве вака да го “прослави” именденот, со донација на овошје и вода за пациентите и персоналот. Жал ми е, што ова била прва донација  .

Мислев, дека луѓе и фирми донираат обична вода и храна..овошје…што било, но ете, за жал, не било така.

ОВА НЕКА БИДЕ ПОТТИК ДА СЕ ПОПРАВИМЕ СИТЕ КАКО ЛУЃЕ ЗА ДА НЕ СЕ СРАМИМЕ ОД САМИТЕ СЕБЕСИ ПРЕД СОСТОЈБАВА И ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ.

ЈАС И МОЕТО СЕМЕЈСТВО, НЕ ЗАСТАНУВАМЕ ОВДЕ….ВЕЌЕ СЕ ПОТТИКНАТИ ФИРМИ И ПОЕДИНЦИ И СЕПАК КЕ ПОКАЖЕМЕ ДЕКА

МОЖЕМЕ ДА БИДЕ ЕДНИ ОБИЧНИ ЛУЃЕ СО ДУША И СРЦЕ.

ДРЖАВАТА Е НАША И МОРА НИЕ ДА СЕ ГРИЖИМЕ ЗА НЕА И ЗА САМИТЕ НАС.

НЕКА Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ СВ.АРХАНГЕЛ МИХАИЛ И ГОСПОД НА СИТЕ БОЛНИ ДА ИМ ДАДЕ СИЛА ДА ОЗДРАВАТ, ДА НЕМАМЕ ВЕКЕ ПОЧИНАТИ И СИТЕ ЗАЕДНО СО БОЖЈА ПОМОШ И НАШИТЕ ЛЕКАРИ И МЕДИЦ.ПЕРСОНАЛ ДА ИЗЛЕЗЕМЕ ШТО ПОСКОРО ОД ОВА ДЕРЕЏЕ.

МАКЕДОНИЈО…МАКЕДОНЦИ…НА НАС Е РЕДОТ!

Благодарност до др. Мирјана Крстеска, која не пречека со топло срце иако беше преплавена со пациенти. Господ да ве чува „ 

 

Би можело да ве интересира

Создавам музика за да ги поврзувам луѓето

Пела Редакција

Ѓурѓовден празникот на обновување на природата

В недела сите во еко акција за пошумување кај с. Прилепец

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе