16 C
Прилеп
недела, 13 октомври, 2024
Пела Радио

Се најдов среде бура, сведоштво за лекувањето од Ковид 19 на Еленче Ташкоска, претседател на Советот на Општина Прилеп (АУДИО)

Поединечните искуства во личната и семејната битка со корона вирусот се различни, секоја приказна, било да се работи за болничко или за домашно лекување, претставува одбранбена стратегија за која свесно или не, мораме да се подготвуваме. Секоја бура во организмот предизвикана од Ковид 19 прави различни трауми, ги поместува семејствата од зоната на нормалното битисување, кое што,  до пред само неколку часа било нивно секојдневие. Ништо не е како што било пред тоа… Се прават нови чекори, а тие мора да бидат храбри и дисциплинирани.

„Вирусот не познава ниту социјален статус, ниту политичка определба, ниту род, ниту возраст, болеста дојде наеднаш, неповикано“, вели Еленче Ташкоска, претседател на Советот на Општина Прилеп. 

Вирусот е реалност и насекаде околу нас никој не е имун на овој вирус, за жал кај некој завршува и со трагични последици. Лично за себе можам да зборувам од контактите со луѓето кои поминуваат низ истата оваа битка, можам да заклучам дека е индивидуално. Секој е своја приказна. Жално е што претходна некоја, да речам, преднајава на одредени симптоми, дека – ете ќе се случува нешто со моето здравје – немав! Дојде наеднаш, неповикано и со симптоми – висока температура и од тогаш, значи ова ми се случи на 25 ти октомври, и од тогаш,  започна мојата битка со Ковид 19.

Кое е првото чувство кога човек ќе дознае човек дека ги има симптомите на Ковид 19 ?

Колку и да сме свесни дека болеста постои и дека е тука околу нас, секогаш мислиме дека тоа му се случува таму на некој друг. Дека тоа е нешто што нема да ме погоди мене. Лично јас ги преземав сите мерки за заштита секогаш носев маска, држев растојание, онолку колку што може да се држи растојание, сепак сме ние социјални суштества, одиме на работа, вршиме други општествени активности и доаѓаме во контакт со други луѓе, дезинфекцијата  како една од мерките… Но, како почнаа да се зголемуваат бројките, почнува кругот да се стеснува и почнува секојдневно да слушаш дека некој од твоето опкружување се случило нешто на некој твој близок, пријател, роднина. И на крајот кога ќе ти се случи лично тебе – сфаќаш дека „ете тоа е реалноста и тропнала и на твојата врата“, дека сега е момент дека навистина да се собере храброст и да се помине тој пат што треба да се изврви за да болеста се победи. Во првите моменти јас некако себе си се ставив настрана. Реков „тоа е тоа, морам да се борам, ќе правам се’ што треба “. Меѓутоа првата помисла наеднаш ми беше за тоа – како да се заштитат моите најблиски.

Како ви поминува еден ден? Направивте тест, утврдено беше присуство на болеста, ги имавте симптомите, како го реорганизиравте домот?

Првата помисла кога добив дека мојот тест е позитивен, беше како мојот сопруг, бидејќи ние сме во моментов сами дома, како тој да се заштити. Што направивме? Тој се изолира, и го поделивме просторот, значи јас останав во еден дел од домот и го ограничив своето движење за да не контаминирам и други делови од домот. Изолацијата значеше воопшто никаков контакт да немаме. Денот како ми започнуваше? Значи, незнам како започнуваше… Деновиве прочитав едни многу интересни стихови, вика, се најдов среде една бура, како ја поминав не знам! Не знам ни дали ја поминав, но таа бура секако на крајот остави некои впечатоци кај мене. Еве сега сакам да кажам пред моите сограѓани, слушателите на Радио Пела што научив во тој период. Научив дека треба многу дисциплина, сите совети кои што ги добив од медицинските лица кои ги поздравувам и им честитам на нивната пожртвуваност зашто лавовски се борат со предизвикот кој што го имаат пред нив. 

Апелирам до сите мои сограѓани да покажат голема свест. Прво да сфатат дека вирусот е реалност. Да покажат голема свест во смисла на почитување на мерките и протоколите. Само почитувањето на мерките ќе ни донесе резултатити. Еве преку лично свој пример кажав дека јас и мојот сопруг, успеавме, тој да не се инфицира со вирусот, исклучиво почитувајќи ги мерките кои што ги презедовме во самиот дом. Значи изолацијата, неконтактирањето, изолирањето, дезинфекцијата. Ние 14 денови воопшто не контактиравме.

Кога станува збор за исхраната и за тоа какви се првите симптоми на чувството и на сознанието дека го имате Ковид 19, што прво почувствувавте? Обично лекарите велат висока температура, губење на мирис и вкус, ги имавте ли тие симптоми?

Да, мојот прв симптом беше високата температура. Наеднаш се појави треска и висока температура и со самото тоа дека тоа е тоа. Сега вкусот и мирисот почнува да се враќа, зашто за жал ми беа изгубени како сетила. Во поглед на исхраната многу витамини по препорака на лекарите, тука се Ц витамин, Цинк, Б3, многу течности, најмалку 3 литри течност во текот на денот, од кои 1 и пол литар вода, останатото чаеви и топли напивки во секој случај, сокови, овошје, зеленчук, супи, чорби. Овие денови на тоа ми се сведува исхраната.

Во каква состојба сте сега, како се чувствувате во овој изминат период, рековте дека се враќа мирисот и вкусот? Кога повторно ќе Ве видиме да ги водите седниците на Советот, иако бевте присутни виртуелно он-лајн во два наврати?

– Ако се’ тече добро, ми поминува 21 ден за оние што се лекуваат во домашни услови, бидејќи јас се лекував во домашни услови, се надевам дека од понеделник, 23 ти ноември ќе се вратам на моите обврски. Иако и во периодот додека бев во изолација, најдував начини да си ги извршувам своите обврски. Колку и да беше тешко, на последната седница кога се доделуваа Третоноемвриските награди јас ја водев со 39 температура, меѓутоа сум зела обврска пред граѓаните на општина Прилеп и во иднина секогаш со последните атоми сила ќе ја извршувам својата задача.

Исто така, на 13 ти ноември имавме онлајн седница, се’ со цел да ги запазиме оние законски рокови до 15 ти ноември требаше да бидат донесени развојните програми на општината. Тргнувајќи од својата одговорност мораше да се најдат сили и да се извршуваат тие обврски и во услови како што дозволуваа можностите. Дел од советниците исто така се дијагностицирани од оваа болест, се борат со неа, меѓутоа мора да продолжи нашата активност како советници.    

Би можело да ве интересира

Ин мемориам: Зафир Хаџиманов ја игуби битката со корона вирусот

Елизабета Филипоска

И, Лазаров доби портрет од коса

Елизабета Филипоска

Прилепска итроштина за горештина

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе