12.1 C
Прилеп
среда, 9 октомври, 2024
Пела Радио

Прилеп сеуште во „црвена зона“, но нема построги рестриктивни мерки

Иако Прилеп спаѓа во градовите каде се бележи благ пораст на зачестеноста од Ковид новозаразени лица, заедно со третина од земјава, Владата не планира воведување на построги мерки во справувањето со епидемијата. Менаџерскиот тим на градската болница и локалната власт одлично управуваат со состојбата, ова е ставот на ресорниот министер Венко Филипче, при посетата на Прилеп и направената анализа со здравствените власти.  

„ На национално ниво достигнато е едно „плато“ изминативе три недели, односно еднаков е бројот на новодијагностицирани случаи во болниците, посебно во Скопје, а тоа го констатиравме и денеска за болницата во Прилеп. Тоа значи дека има благо намалување на притисокот во однос на број на пациенти кои доаѓаат за преглед и за прием. Мора да потенцирам дека со оглед на тоа што огромен број од прогнозите, не се остварија и тоа не само кај нас туку насекаде во светот, а тоа е поради непредвидливоста на вирусот, мора да бидеме претпазливи. Не сакаме да даваме никакви предвидувања во смисла дека се ова трендови, се уште чекаме да видиме каква ќе биде ситуацијата во следните денови. Но притисокот кој беше во првите денови од ноември, сега е намален“, изјави Филипче.

Според министерот, болницата во Прилеп е добро организирана, пациентите се сместени на 5 одделенија мобилизирани се сите лекари, медицински сестри помошно технички персонал. Градоначалникот Илија Јованоски ја потврди намерата за вклучување на матичните лекари кои од утре ќе волонтираат во болницата.

„Наидовме на подадена рака од страна на здружението на матични лекари од нашиот град, чии тимови од утре ќе започнат со волонтирање во Инфективното одделение во болницата „Борка Талески“. Како што кажа началникот на ова одделение, најмногу помош им треба во деновите од викендите. Сакам да упатам благодарност до волонтерите од спасителната служба „Златоврв“, чија работа на терен во изминативе два дена веќе дава резултати. Нивниот ангажман придонесе за ставање на ред пред банките, маркетите, пазарот и на сите јавни места каде имаше групирање на граѓани. Се’ додека има потреба од нивниот ангажман, тие ќе бидат активни“, рече Јованоски.

Министерот Филипче во одговор на новинарски прашања рече дека има доволно брзи тестови на располагање кои континуирано ќе се дистрибуираат за Прилеп, а истото се однесува и на бесплатните вакцини против сезонски грип.  

Би можело да ве интересира

Добра вест!Во Прилеп нема заболени од мали сипаници

Елизабета Филипоска

Прилеп ја зaпочнува битката за уништување на комарците

Гордана Цветаноска

Спортски клуб со големо срце, ЏК Сеишин со уште една донација за прилепската болница

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе