5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Пуштен во употреба новиот мост во населбата Сточен пазар

Новиот мост во населбата Сточен пазар беше официјално ставен во функција денеска, во присуство на градоначалникот на општина Прилеп Илија Јованоски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Новиот армирано-бетонски мост на Градската река е прв од ваков вид кој во Прилеп се гради после 48 години.

„Благодетот од новиот мост на улицата ‘Трајко Николоски’ ќе го користиме сите ние, но и идните генерации во следните 50 и повеќе години. Површината на мостот е 849 м2, должината е 24 метри а заедно со мосниците 30 метри. Во најтесниот дел мостот е широк 22 метра а за неговата изградба од општинскиот буџет се одделија 35 милиони денари. Мостот ќе ги поврзува не само граѓаните од двете страни на реката, туку и двете индустриски зони каде има најголем проток на товарни возила, автомобили, велосипеди и пешаци“, изјави градоначалникот Јованоски и ги напомена следните чекори за инфраструктурен развој на овој дел од Прилеп, што опфаќа реконструкција на улицата „Трајко Николоски“. Обновувањето на улицата ќе се изведува од потегот од новиот мост, преку железничкиот премин, до улицата „Александар Македонски“, во вкупна должина од 400 метра, за што од буџетот се издвоени 18 милиони денари. Воедно, за инфраструктурните проекти за следната година, предвидени се вкупно 81 милион денари, за реконструкција на улици во градот и населените места.

Мост Сточен пазар

– Да потсетам дека тука се и трите капитални проекти кои ќе бидат реализирани следната година: новата детска градинка, затворениот базен и реконструкцијата на Старата чаршија“, истакна градоначалникот Јованоски .  

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, напомена дека во повеќе наврати дискутирале со градоначалникот Јованоски за изградбата на мостот.

„Средствата вложени во овој проект се вложени на вистинско место. Мостовите ги поврзуваат и зближуваат граѓаните, а после една тешка година која заедно ја поминавме, добро е што се реализираат капиталните инвестиции и верувам дека следната година ќе имаме уште посилен развој и на градовите, но и на целата држава“, нагласи министерот Бочварски.

мост Сточен пазар

Ресорниот министер информираше дека Владата донела одлука за преземање, односно продолжување на работите на делницата Градско-Дреново и дека со создавањето услови за градење, компанијата „Штрабаг“ ќе започне со изградба на оваа делница. Министерот Бочварски напомена дека изборот на изведувач на работите од втората делница од Дреново до Фариш, е во фаза на евалуација и напролет ќе започне нејзината изградба, а со автопатското решение од Прилеп до Битола, граѓаните од Пелагонискиот регион ќе добијат современа патна инфраструктура.   

Би можело да ве интересира

Вандалистичкиот чин на британскиот „инфлуенсер„ на црквата „Св.Георгиј“ на Плетвар осуден од МПЦ

Елизабета Филипоска

Конфекцијата ,,Фалко” во Крушево од утре не работи. Крушево од утре со нови сет мерки

Елизабета Филипоска

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Им изгоре куќата на семејството Степаноски од Ресен

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе