11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Победа – Шкупи на стадионот во Битола, дебитант Бразилецот Силва

Натпреварот од 21. коло на ПМФЛ, Победа – Шкупи ќе се игра утре, недела на 25. февруари со почеток од 14.00 часот на стадионот „Под Тумбе кафе“ во Битола.

Влезот за натпреварот е слободен.

ФК Победа ги повикува сите љубители на фудбалот и од Прилеп и од Битола за што помасовна посета и подршка на црвено-белите момци. Клубот упати благодарност до Општина Битола што излезе во пресрет на Победа, стои во соопштението. Во името на спортскиот дух управата на ФК Победа ветува дека еден ден кога ќе има право на повторно располагање со Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,, во Прилеп несебично ќе го отстапува на користење на сите екипи, независно од која лига се, а кои ќе се најдат во ситуација во каква што е ФК Победа во овој момент.

Утрешниот натпревар ќе биде дебитантски за Бразилецот Лукас Силва Сантос Жуниор, кој во Победа пристигна на самиот крај од зимскиот трансфер период, па му требаше подолг период за адаптација во новата средина и досега е без настап.
Oд навивачката група “МАЈМУНИ” најавуваат масовно присуство за овој натпревар на стадионот под “Тумбе кафе”.

Би можело да ве интересира

Утре слободен ден за екипите на светиниколскиот турнир

Елизабета Филипоска

Големи три бода против Силекс за опстанок на Победа

Гордана Цветаноска

Ќе биде интересно до крајот во ракометната битка за опстанок – пелагониското дерби за Еурофарм Пелистер 2 (ВИДЕО +ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе