До кога МТВ ќе си игра со нервите на граѓаните? Втор дуел од квалификациите за Светското првенство и повторно македонската репрезентација ќе може да се гледа само и исклучиво на регионалниот спортски канал Спорт Клуб. Македонската телевизија и овој пат не обезбеди ТВ пренос, иако натпреварот против Лихтенштајн се игра на домашен терен во Скопје.
Дуелот меѓу Македонија и Лихтенштајн се игра вечерва од 20-45 часот, а пренос ќе емитува на ексклузивна основа само Спорт Клуб.
Која срамота, кое безобразие?????!
Во период кога граѓаните се соочуваат со екстремни ограничувања поради пандемијата и не можат да присуствуваат на трибините, обичните смртници нема да можат да ги следат своите херои – фудбалерите, дури ни на ТВ екраните за натпревар – дома во Скопје !!!
Зошто ова го дозволи МТВ? Па нели сите плаќаме за јавниот сервис, нели настапува МАКЕДОНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА???
Единствена позитивна работа, радост и светлост која што ни ја подарија беа токму фудбалерите со пласманот на Европското првенство, НИВНИТЕ НАСТАПИ СО РАДОСТ СЕ ОЧЕКУВААТ.
Имаат ли во предвид челниците на ФФМ и на Македонската телевизија, таканаречениот јавен сервис дека сите граѓани немаат можност да следат спорт само и исклучиво на одредени регионални канали???
СРАМОТА , ова е уште еден удар врз спортот, уште една шлаканица за чесните граѓани кои имаат право настапите на сите репрезентации, да ги следат на СВОЈАТА ТЕЛЕВИЗИЈА – МТВ !