-0.5 C
Прилеп
сабота, 8 февруари, 2025
Пела Радио

Прва и успешна акција „Да си го исчистиме Прилеп“ (Фото)

Желбата за чист Прилеп и љубовта кон градот и природата, ги инспирира граѓаните самоиницијативно да се организираат во еко – акција која се одржа денеска на Маркукуле. Во акцијата која што ја покрена Виктор Петроски преку социјалните мрежи, учество зедоа 50 тина прилепчани кои од пладне по падините, од локацијата кај „Слонот“ па се ‘ до крстот на Маркукуле, грижливо собираа отпад и се дружеа користејќи го убавото мартовско сонце.

Се приклучија сите кои што си го сакаат Прилеп чист, извидниците и членовите Спелеолошкото друштво и спасителската служба „Златоврв“. Ова е прва во низата еко акции планирани од Виктор Петроски кој што најавува наредните викенди да се расчистуваат од отпад излетничките локации Селце и Волково.

Фото: Теодора Велкоска

Секој може да помогне за почист Прилеп

Би можело да ве интересира

Крушево му оддаде почит на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република

Елизабета Филипоска

Кои улици в петок се без струја?!

Елизабета Филипоска

„Фатени„ 11 возачи без дозвола, а 129 возачи ја пречекориле дозволената брзина

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе