11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Општина Прилеп набави 600 таблети и 230 компјутери за основните прилепски училишта

Основните училишта во Прилеп, добија 230 десктоп компјутери, 168 лаптопи и 600 таблети. ИТ опремата е обезбедена преку јавна набавка на локалната самоуправа и е наменета за подобра реализација на воспитно – образовниот процес во основните училишта во Прилеп.

„Пре неколку месеци, во налет на пандмијата, се договоривме и направивме анализа за бројот на компутери што им е потребен на основните училишта во нашиот град, за подобро следење на образовниот процес на учениците кои не се физички присутни во следење на наставата, но и за наставниците за одржување на онлај наставата. Дојдовме до заклучок, да направиме јавна набавка за сите училишта која брои 600 таблети, 240 перонснални компутери и 160 лаптопи. За оваа намена одвоивме 16 милиони и 600 илијади денари од општинскиот буџет, во интерес на образованието на нашите деца. Со ова, се надевам дека наредната година сите ученици ќе имаат можност да ја следат наставата онлај, без проблм„ -истакна градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ имаше потреба од 25 персонални компутери и 80 таблети, кои ќе им бидат распределени на ученици од социјално загрозени семејства и ќе послужат во одржување на наставниот образовен процес, во училиштето.

„Соочени со пандемијата баравме начин да ја реализираме воспитно образовната програма. Благодарение на наставничкиот кадар, тоа го работиме досега успешно. Имаме 877 ученици, од кои 253 од I (прво) до III ( трето) одделение, ја следат наставата со физичко присуство. Но, оваа ИТ техника ќе ни помогне во иднина поуспешно и целосно да ја спроведуваме онлајн наставата“ – истакна Кети Стевананџија, директор на ООУ „Кире Гаврилоски Јане“ – Прилеп.

Компутерите од јавната набавка на општината се распределени и во централното училиште, ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.

„Од 800 ученици, 260 ученици ја следат наставата со физичко присуство. Досега успешно се справуваме со реализацијата на онлајн наставата, но со оваа помош на локалната самоуправа само ќе го подобриме квалитетот на онлај наставата во нашето училиште. Очекуваме, оваа година во нашето училиште да се запишат 80/90 првачиња. Огласот за упис се уште не е објавен, но веќе сме во контакт со родителите чии деца се идни наши првачиња и со почитување на протоколите за здравствена заштита ќе го реализираме нивното запишување“ – истакна директорот на ООУ „Кочо Рацин„, Зора Чадамова.

ИТ компутерската опрема денеска беше поставена во холот на ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ од каде ќе се распределува во останатите основни училишта во Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

Темпото на изградбата на гасификацијата презентирано пред стопанствениците

Елизабета Филипоска

Прилеп два нови случаи на КОВИД 19 – бројот на активни 53

Елизабета Филипоска

ГРАФИЧАРИТЕ ОД ПРИЛЕП НАЈДОБРИ НА КОНКУРС ОД УЈП

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе