5.1 C
Прилеп
четврток, 12 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп го одбележа Денот на пролетта и на Денот на Даунов синдром

Со низа активности денеска во Прилеп одбележан Светскиот ден на Дауновиот синдром и Денот на екологијата и пролетта. Најмладите беа во работна акција за засадување на дрвца во дворот на Основното училиште Климент Охридски. На Могилата активностите продолжија со збогатување на еколошката средина со нови садници.
– Денеска засадивме 10 дрвца на Могилата на непобедените, во знак на почеток на пролетта. Исто така децата со даунов синдром засадија цвеќиња и 30 дрвца во ООУ Климент Охридски, а денеска имаме расчистување на неколку диви депонии кои се во околината на Прилеп, тоа ЈКП Комуналец ќе го направи со своите работници. Младите од нашиот град ќе чистат во околината на Прилеп за покажеме дека екологијата ни е важна, и во иднина да имаме еколошки Прилеп, рече Илија Јованоски градоначалник на Прилеп.
Најповикани за одржување на јавната хигиена во општината е Јавното комунално претпријатие Комуналец, а од таму апелираат за поголема грижа на сите граѓани кон природната средина.
– Комуналните работници првиот ден од пролетта го одбележаа на симболичен начин со засадување на дрвца во Паркот на Револуцијата со што сакаме и ние да дадеме свој придонес за почиста животна средина, за почист воздух и еколошки зелен Прилеп, рече Звонко Јованоски директор на Јавното комунално претпријатие Комуналец Прилеп.
Во рамките на еколошките акции на најмладите со засадување на дрвца во училишта и детските градинки, денеска во чистење на дивата депонија кај селото Волково каде се вклучија и невладините организации.

Би можело да ве интересира

Корона вирус – Стопанската комора за туризам ќе бара помош од државата

Денеска, 11-ти Декември е Светски ден на планината. Колку планини има во Р.Македонија?!

Елизабета Филипоска

100 000 илјади Евра од УНДП за уредување на комплексот “Маркови Кули“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе