30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

До темел изгореа 4 социјални бараки кај Варош – пожарникарите спасуваа човечки животи

Денеска целосно изгореа четири социјални бараки во населбата Варош . Пожарникарите со помош на граѓаните, во последен момент спасуваа човечки животи од огнот. Спасени се две неподвижни лица, а меѓу несреќните има и три деца од кои едно седумесечно бебе. Сите се во добра состојба.

Во овој голем пожар што се случи во Варош 11 жители останаа без своите домови. Пожарот бил пријавен во 10,30 мин.

Речиси два часа над 10 пожарникари со неколку возила го гаснеа пожарот. Сомнежот е во спој на апарат за акумулатори, но не е потврдено.

Социјалните бараки се стари повеќе од 20 години. Во нив живеат социјално загрозени семејства. Локалната самоуправа најави помош. Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски го посети местото и посочи дека семејствата ќе бидат привремено згрижени.

Би можело да ве интересира

Уапсен насилник кој физички ја нападнал сопругата

Жена казнета со три илјади евра оти лажно се претставувала како полицаец

Пак пиротехника полицијата заплени во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе