26.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

ПРИЛЕПЧАНЕЦ НЕ И ДОЗВОЛИ НА ПОБЕДА ДА ПОБЕДИ

ФУДБАЛ: Втора лига – Исток: Победа- Саса 1:1.

Динамично фудбалско второлигашко дерби беше Победа – Саса (1:1), на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Домашните, бодрени од околу 3000 гледачи, имаа повеќе од играта и први постигнаа гол. Во 58. минута, по изведен корнер оддесно, неодбранливо во гостинската мрежа шутираше Филип Стомнароски за 1:0.

Се чинеше дека Победа в раце ги има трите бода, но во 84. минута гостите израмнија. По нафрлена топка оддесно, од близина со глава во аголот погоди Филип Димоски за 1:1. Се работи за прилепчанец во редовите на Саса.

На останатите мечеви: Осогово – Братство Житоше 2:0, Локомотива – Слога 1:2, Детонит – Кожуф 0:0, Беласица – Кит-Го 3:0. ТАБЕЛА: Слога 9, Беласица, Саса и Победа 7, Кожуф 4, Кит-Го и Осогово 3, Братство и Детонит 1, Локомотива 0. ИДНО 4. КОЛО: Братство – Кит-Го, Слога – Победа, Кожуф – Беласица, Саса – Детонит, Осогово – Локомотива.

Би можело да ве интересира

Турнир во мал фудбал “Св. Никола 2022” ќе има, но не во Универзална сала

Прилепчанката Јована во составот на македонската фудбалскa репрезентација до 19 години

Пела Редакција

Во прво коло бодовите отпатуваа за Куманово

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе