15 C
Прилеп
среда, 7 мај, 2025
Пела Радио

Потврдено! Само една жена, носител на листа, останати сите мажи, вклучително и кандидатите за градоначалници

Потврдени се сите кандидатури за градоначалник и листи на советници кои беа поднесени до Општинската изборна комисија (ОИК) во Прилеп . На престојните локални избори во Прилеп ќе се тркаат петмина кандидати за градоначалник . За пополнување на 27 советнички места во Советот на Општина Прилеп има 8 кандидатски листи. Од нив 7 се политички партии и една граѓанска иницијатива.

Интересно е што, само една жени е носителки на листа, преставник од најголема политичка партиија ,а сите останати се мажи, вклучително и кандидатите за градоначалници.

За градоначалничката функцијата во Прилеп ќе се тркаат:

1. Горан Сугарески – СДСМ

2. Борче Јовчески – ВМРО-ДПМНЕ

3. Жарко Стеваноски – независен кандидат

4. Славе Петрески – ЛДП и ДОМ

5. Зоран Митрески – ИНТЕГРА

 

Носители на листите за советници се:

1. Моника Грашеска – СДСМ

2. Дејан Проданоски – ВМРО-ДПМНЕ

3. Дарко Конески – независна листа „Че Вреди“

4. Јане Станкоски – ЛДП и ДОМ

5. Дејан Јанкулоски – Интегра

6 Крешимир Здравески – МААК

7. Иван Јованоски – Левица

8 .Милан Јовчески – Единствена Македонија

Од ОИК велат дека кандидатите за градоначалници и советнички листи ја поминале нивната проверка и ќе учествуваат на локалните избори на 17 октомври.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост, одложени сите настани, но роковите од ДИК ќе бидат запазени

Елизабета Филипоска

Си ветија фер кампања

Елизабета Филипоска

На полноќ започнува изборниот молк – Утре ден пред избори, во Прилеп ќе гласаат 389 болни и изнемоштени лица

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе