28.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

На полноќ започнува изборниот молк – Утре ден пред избори, во Прилеп ќе гласаат 389 болни и изнемоштени лица

На полноќ завршува изборната кампања и почнува изборниот молк. В недела на 17 Октомври ќе се одржат локалните избори. Утре, сабота, први ќе гласаат болните и немоќни, ковид болните и оние во самоизолација, затвореници и лицата во старечки домови.

Од ОИК – Прилеп информираа дека во Прилеп утре ќе гласаат 389 болни и изнемоштени лица, 88 лица во  старскиот дом ЈУ „Киро Крстески Платник“  и затвореници, и 12 лица заболени од Ковид и во самоизолација. Гласањето кај болните и немоќните лица ќе го спроведуваат членовите на избирачките одбори, каде тие се пријавени со посета на нивните домови, додека кај лицата заболени од Ковид и во самоизолација гласањето ќе се спроведува од посебен избирачки одбор составен од здравствени работници.

Првпат на овие избори ќе се применуваат уреди за биометрска идентификација на гласачите со отпечаток  од прст, но за лицата кои ќе гласаат утре, овие уреди нема да се применуваат. Тие ќе гласаат како и досега, со примена  на УВ ламба и безбоен спреј, за проверка дали гласачот гласал или не.

Резултатите од гласањето на овие лица, ќе биде познат в недела.

 

Би можело да ве интересира

Прилеп, засега, со една независна кандидатура која „трча“ за собирање потписи за локалните избори

Опозицијата го окарактеризира Сугарески како политичар кој зад себе нема ниту еден успех

Денеска официјално стартува гласачкиот процес. Колкаво е гласачкото тело во Прилеп?!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе