5 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Можна ли е смена на менаџерскиот тим на Еурокомпозит?

По 10 те суспензии од работа кои ги добија членови на Синдикатот на „Еурокомпозит“ денеска не им бил дозволен влез во фабриката. Утрово на групата работници им се приклучиле и останатите вработени на протестите пред фабриката, но не дојде до најавената блокада на регионалниот пат Прилеп – Градско. Причина за ова е, како што велат од синдикалната организација, најавената смена на генералниот директор Александар Кузески, според информација од градоначалникот Илија Јованоски.
– Утринава дојдовме сите на работа и според договорот по протестите пред фабриката требаше да продолжиме со блокада на патниот правец Прилеп – Градско кај Лук Оил. Ние ја одложивме блокадата зашто градоначалникот ни вети дека ќе имаме нов директор и дека утре на седница на Владата ќе биде разрешен актуелниот генерален директор. Не знаеме точно кој ќе биде новиот прв човек на компанијата и од кога ќе стартува со работа. Инаку, кога дојдовме утринава на работа имаше истакнато одлука за ние од синдикатот да не смееме да влегуваме во фабриката. Покрај што ние не влеговме, нас не поддржаа и сите останати вработени. Штрајкот и понатаму е активен и покрај тоа што од Општината ни ветуваат дека ќе се оствари бараната смена на менаџментот. Се додека не се увериме дека имаме нов директор ние на работа не влегуваме, вели Роберт Богданоски – претседател на синдикалната организација на Еурокомпозит.
Вработените имаа три барања на последниот договор со вицепремиерот Анѓушев: исплата на една просечна плата, итна смена на генералниот директор, и решавање на статусот на компанијата наредниве 6 месеци. Досега, исплатена е само бараната просечна нето плата за секој вработен од Еурокомпозит, компанија во целосно државна сопственост која со децении се соочува со проблеми, нередовна исплата на бруто плата и заостанати неисплатени придонеси за пензиско осигурување за последниве 6 години.

Би можело да ве интересира

Се асфалтира патот Битола – Новаци – Рек Битола

Елизабета Филипоска

Еко-свест: Гасниот интерконектор со Грција-наместо обновливи извори ќе донесе нов фосилен господар!

Пела Редакција

Како знаат дека треба да патуваат?! -„Св. Пантелејмон„ празникот кога си заминуваат штрковите

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе