-0.4 C
Прилеп
среда, 5 февруари, 2025
Пела Радио

Уапсен прилепчанец кој поседувал оружје и муниција

Службеници од канцеларијата за криминалистички работи во прилепската полиција денеска уапсиле 43-годишен прилепчанец со иницијали Р. Т.

Како што информираат од МВР, при претрес извршен со судска наредба, во домот на 43-годишникот на прилепската улица Круме Спиркоски биле пронајдени и одземени еден пиштол „екол“, модел „туна“, во калибар 8 милиметри, еден ловен карабин „М-98“ во калибар 7,9 милиметри, една ловна пушка „пумпарица“, модел „586“, една полуавтоматска пушка „М-59“ во 7,62 милиметри, 4 куршуми во калибар 6,35, 81 куршум 7,62х39 и 35 куршуми 7,9х57.

Лицето е приведено во полициска станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Приведени тројца дрвокрадци, пронајдени нежигосани огревни дрва

Крадел од прилепски авто плац

Пела Редакција

Приведени двајца кои краделе од Комуналец Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе