5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Низ фотографии пошумување кај манастирот Св.Димитрија с.Селце

500 садници багрем беа засадени околу манастирот Св.Димитрија, с.Селце. Еко акцијата, во организација на  Диме Велески кој ги донираше садниците, беше широкоградо прифатена од пријатели,  вљубеници на природата, екологистите и извидниците, кои со алатки за пошумување, тргнаа утрово кон манастирот Св.Димитрија, прифајќајќи го предизвикот и  повикот да учествуваат во, оваа, еко акција за пошумување на овој простор, често посетуван од излетници.

  

Во акцијата за пошумување на голините околу манастирот Св.Димитрија се вклучија и членовите на извидничкиот одред “Феникс“, членови од спасителната служба „Златоврв„ предводени од претседателот Дарко Неданоски, преставници од граѓанската иницијатива „Еко Свест“ – Прилеп, а убавиот, сончев ден, ги „извади„  од дома и најмалите, да учат “од мали нозе“ како треба да се чува, обновува и заштитува животната средина.

Малата вредна група денеска направи добро дело на природата. И, ветија дека нема да застанат тука, само се надеваат дека и општината, и останатите локлани институции, во иднина ќе дадат свој придонес и ќе ги поддржат ваквите граѓански  иницијативи и акции  за пошумување на околината со цле  заедно да придонесат за подобра животна средина .

 

Податоци кои можеби ќе Ви бидат интересни – Макеоднија речиси не пошумува!

Македонија спаѓа во средно пошумените земји, официјално некаде околу 47 проценти во државата е под шума и шумско земјиште. Нелегалната сеча во земјата претставува сериозен и долгорочен проблем, којшто го доведува во прашање одржливото управување со шумите.

 

 „Чувари“ на шумите“ се шумската полиција и  шумочуварите, но нивната работа често е попречена од насилните дрвокрадци, кои делуваат oрганизиранo и често употребуваат сила и закани за остварување на своите нелегални цели.

Само во периодот помеѓу 1980 и 1989 година, во Македонија биле пошумени вкупно 76.587 хектари површина, повеќе отколкув во наредните трите наредни децении : во периодот од 1990 до 1999 биле пошумени 32.041 хектари, во следната деценија 2000 – 2009 година – 19.924 и во последната деценија од 2010 до 2019 година биле пошумени само 11.801 хектари површина.

Би можело да ве интересира

За најдобрите на „Во Крушево на точак“– велосипеди

Гордана Цветаноска

Прилепчанка прскала со бензин во кафеана се заканувала дека ќе ја запали

Пела Редакција

Прилеп го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе