7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Мал битолски Монамартр во Прилеп

Во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ на 3 декември в петок од 12.30, ќе биде поставена изложбата на дела од Малиот битолски Монамартр. Во наредните две недели ќе бидат изложени 25 дела од оваа значајна македонска ликовна манифестација која постои веќе 40 години.

Изложбата, поддржана од Министерството за култура, е во чест на основачот Коста Хаџи Антоновски, кој веќе не е со манифестацијата на која и го посвети целиот свој живот.

Љубителите на ликовната уметност ќе проследат дела создавани од ликовните амбасадори од целиот свет во Старата битолска чаршија непрекинато четири децении. Монмартр низ годините блескаше со својата шарена порака за мир, љубов, уметност… испишана на десетици јазици со безброј нијанси на бои од детските ликовни творби кои  пристигнуваа во Битола.

„Монмартр живее за децата, а јас живев за нив!“велеше основачот Коста.

Би можело да ве интересира

За вљубениците на филмот „ЧУВАРИТЕ НА ФОРМУЛАТА„ во киното Мис Стон

Елизабета Филипоска

Од пештерското сликарство до билборди – сите гласови на човечкото тело

Пела Редакција

Господин ми одоговори на некои логични неодговорени прашања

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе