7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

ЦРТЕЖ И ВИНО

Изложба на цртежи организира ДЛУП ПРИЛЕП  на која ќе учествуваат дваесетина уметници со автентични творби. Настанот го носи насловот „ИНК 2021 – Цртеж и вино, а ќе биде организиран утре, сабота, во уметничко катче Ателје Артика – Прилеп . Посетителите ќе имаат прилика да научат повеќе за цртежот, да разговараат за уметноста, препуштајќи се и на богатата палета на ароми и вкусови на разните вина од македонска Винарска визба „ТИКВЕШ“.

Лиричната или дурската нота на линијата и емоциите кои ги буди играта на светло-сенката во комбинација со примамливите мириси и вкусови на виното, ќе ја предизвикаат перцепцијата и бујната имагинација на посетителите создавајќи единствено и неповторливо искуство.

Настанот ќе биде организиран согласно протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Ретроспективна изложба на скулптури во дрво изработени во „Интернационалното студио за пластика во дрво“ на ЦСЛУ

Во Цепенков изложба на две уметници

70 години списание „Стремеж“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе