3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Смилеска: Прилепската болница наскоро добива апарат за магнетна резонанца

Прилеп наскоро ќе добие апарат за магнетна резонанца информираше денеска Кети Смилеска, директор на ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп. Се прават последните подготовки за прилагодување на просторот каде што ќе биде сместен апаратот, а стручнито кадар кој што ќе работи со апаратот се дообучува за ракување.

На 17 јануари ќе пристигне новиот апарат – магнетна резонанца. За таа цел се приспособуваат просториите, во тек е поставувањето на таканаречениот фарадеев кафез, поставување на рекуператори, на чилери, клима уреди, опремување на просторот за да може на 17 јануари да биде комплетно опремен просторот и да се донесе апаратот. Кадрите кои што ќе работат веќе се на обука и следуваат уште други 2 обуки, за истиот да може да се стави во употреба преку Мој термин. Во однос на доопремувањето на болницата набавено е ново ЕКГ за Интерното одделение, нов ЕХО апарат за геникологија, во тек е набавката на дигестор за патологија и добивме од Министерството за здравство еден мобилен рентген апарат за пациентите со корона вирус кои што треба да бидат снимани во Инфективното одделение, посочи Смилеска.

Во текот на оваа година се спровеле и неколку нови методи: отстанување на слепо црево со лапараскоп, во тек е активирање на апаратот за срес – тест и ќе се овозможува методата холтер преку Интерното одделение по враќањето од субспецијализација на докторката која што ќе ја применува оваа метода.

Градската болница го понесе најголемиот удар од пролетниот корона бран. Состојбата со пандемијата денес е стабилна посочи Смилеска, моментно  во Инфективното одделение се хоспитализирани 18 пациенти, од кои 15 на кислородна поддршка, а 19 се на дневна болница. Инфективното одделение е приспособено за лекување во пандемиски услови, а деновиве е затворена модуларната болница. Од вкупно 10 700 позитивни Ковид пациенти, 285 пациенти се лекувале во неа.

Ја затворивме модуларната болница за да бидеме ефективни и ефикасни и практични, заради тоа  што во модуларната болница имавме клима уреди за затоплување, а инфективното одделение беше празно, така што пациентите ги преместивме во инфективното одделение кое е поврзано со централното греење во болницата. Со тоа, кадарот што беше во модуларната болница, сега е на инфективното одделение. Инфективното одделение претрпи мала реконструкција за да може да биде оспособено во пандемиски услови, со тоа што отворивме нов влез/ излез, со што и точно имаме назначено движење  на пациентите и на персоналот. Имаме зелена и црвена зона и во овие услови, инфективното одделение, за да одговори на барањата и да не биде ново жариште како што беше во пролетниот бран, рече Смилеска.

Што се однесува на текот на имунизацијата Смилеска информираше дека досега во Прилеп се аплицирани вкупно 69 400 вакцини, 33 400 граѓани се вакцинирани со две дози, 4 000 со 3 дози, а 570 вакцини примиле млади од 12 до 14 годишна возраст.

Контиунуирано се обезбедува стручен кадар за потребите на пациентите, така што преку прилепската болница од вкупно 34 специјализации кои што биле одобрени, испратени се 27 општи доктори на специјализација и 3 доктори на субспецијализација.

 

Би можело да ве интересира

Во Грција сега влез само со пасош- белите ливчиња во заборав

Елизабета Филипоска

Прилепскиот театар со „Хамлет“ ќе гостува во Загреб

Пела Редакција

Еурокомпозит „се сели“ пред Владата

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе