13.6 C
Прилеп
четврток, 19 септември, 2024
Пела Радио

Советот на општина Прилеп утре ја одржува последната годинешна седница, а ќе се пренесува во живо

Советот на општина Прилеп утре, среда, (29.12.2021 г) со почеток во 09:00 часот, во големата сала на Општина Прилеп ќе ја одржи 6-тата седница, која што воедно е последна за тековната година. На дневен ред се 46 точки, од кои првите две се однесуваат на предлог Буџетот за 2022 година, како Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Прилеп за 2022 година. Најголемиот дел од точките се од финансиска природа во врска со работењето на јавните комунални претпријатија, инвестиции, субвенционирање на нивната работа. Воедно, пред советниците ќе се најдат предлог одлуги за финансиските планови на Градската библиотека, основните и средните училишта, како и решенија за именување на претставници во училишните одбори. Прилепските советници ќе одлучуваат и по прашања од урбанистичката и социјалната сфера.

Овде може да се запознаете со дневниот ред на 6 тата седница.

Како што информираше прес службата на Општина Прилеп утрешната седница на Советот ќе се пренесува во живо на интернет:

„ По усвојување на Одлуката од страна на Советот на Општина Прилеп шестата  седница на Советот која ќе се одржи утре, 29.12.2021 година со почеток од 09.00 часот  е прва што ќе се пренесува во живо за јавноста. Преносот во живо по долги напори и технички подготовки ќе биде овозможен за првпат.

Преносот во живо на седницата на Советот на Општина Прилеп, граѓаните ќе може да го следат на линк кој пред почетокот на седницата ќе биде објавен на веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk.

Овој новитет во иднината ќе стане редовна практика и седниците на Советот на Општина Прилеп граѓаните ќе може да ги следат со пренос во живо по претходна најава на веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk,  со цел поголема транспарентност во работењето на Општината.“ се вели во соопштението од прес службата на Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

Кадровски промени во институции во Прилеп

Елизабета Филипоска

Неделен биланс за Ковид состојбата во општина Прилеп

Гордана Цветаноска

Канализција дури во 21 век е настан за одбележување

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе