30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Приведени 3 лица, полицијата заплени над 6 илјади пиротехнички средства во Прилеп

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и Полициската станица од Прилеп, постапувајќи по планот за откривање и санкционирање на продажба на пиротехнички средства, денеска со судска наредба извршиле претрес во магацински простор од продавница, сопственост на М.К.(64), при што пронашле и заплениле околу 5000 парчиња пиротехнички средства.

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

– Исто така, од импровизирана тезга во Градскиот пазар одземени се уште 1000 парчиња пиротехнички средства, наменети за продажба за новогодишните празници, а А.В.(39) и А.О. (21) се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

СВР Битола: Исконтролирани 394 возила и возачи, најмногу казни за брзо возење

Полицијата пронашла дрога кај неколку прилепчани

Тешка сообраќајка синоќа, кај Мало Коњари

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе