11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ЈКП Комуналец во контиунирана акција за расчистување на дивите депонии

Расчистување на неколку диви депонии во боровата шума и покрај патот за манастирот Трескавец беше во дневната работна обврска на екипите на ЈКП Комуналец.  Иако овој пат води до едно од најпосетуваните светилишта како од прилепчани, така и од бројни странски туристи, несовесни граѓани не бирале место па исфрлиле домашен комунален отпад, остатоци од стари кревети, градежен и електронски отпад, како и комерцијален отпад настанат од процес на поправка на мебел и апарати од услужните дејности.

Воедно, се чистеше и по обиколниот пат околу гробиштата каде беа исфрлени јоргани,постели, и пластичен отпад од домаќинствата и керамички плочки и др.Во зависност од временските услови ,,Комуналец’’, продолжува со чистење на дивите депонии. Во текот на неделава, според надлежните, а во зависност од временските услови ќе се чистат неколку диви депонии по патот за викенд населбата Маркова чешма.
Од ЈКП Комуналец Прилеп апелираат до граѓаните да имаат коректен однос спрема животната средина, да не го нагрдуваат визуелниот изглед на природата и ја загадуваат почвата и подземните води со исфрлање отпад во околината на градот.
За секој вид на отпад граѓаните и бизнис секторот да се информираат и обраќаат на тел: 048/428 992, емајл:[email protected], или со порака на ФБ страницата од ,,Комуналец’’, како и во рубриката,, Пријави ѓубре’’, на ВЕБ страната на ЈКП Комуналец Прилеп

Би можело да ве интересира

Гром предизвика пожар на 4 куќи во Прилеп

Донацијата од продажбата на крстови, распределена кај лицата за кои беше наменета

Елизабета Филипоска

Прилепската касарна денес во чест на патронот Мирче Ацев

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе