9.5 C
Прилеп
недела, 27 април, 2025
Пела Радио

Снег паѓа во Крушево и се расчистува за безбеден пристап во центарот на градот

Крушево работи на расчистување на улиците за овозможување на безбедно движење на возилото и пешаците. Снежите врнежи продолжуваат и денес, па ЈП „Комуна“ Крушево работи на расчистување на улиците и овозможување на безбедно движење.

Со ровокопач се расчистуваат поголемите улици во град Крушево, а во центарот на градот, се чистат скалите кои водат од градскиот плоштад „Никола Мартиновски“ до градскиот парк.

„Продолжуваме и денес со работа затоа што снегот врне од утрово. Улиците се проодни и тековно се чистат, а се оспособува пристапот во центарот на градот. Сите пријави и информации граѓаните да ги доставуваат до нас.“, изјави ВД директорката на ЈП „ Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска

Моментно во Крушево има наврматно 37 см снег, информира УХМР

И во следните денови се  очекува променливо облачно и посвежо време. Повеќе сончеви периодиметеролозите најауваа за во четврток.

Би можело да ве интересира

Христоски: Крушево е големо градилиште, приоритет е привлекување нови инвестиции

Голем интерес за изложбата (Star Wars) на Кардула во Крушево

Гордана Цветаноска

Се чистат одводните канали кај Бучин

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе