12.1 C
Прилеп
среда, 9 октомври, 2024
Пела Радио

Реакција : Пачешкоски,колку странски или домашни инвестиции се реализирани во Прилеп?

Реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, на изјавата од 27.03.2022 на Зоран Печешкоски, претседателот на ОО СДСМ Прилеп. Ја објавуваме во целост :

„Претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски во последното обраќање до јавноста истакна дека „успешните економски политики на СДСМ даваат резултати, што е особено важно за време на глобална економска и енергетска криза, за поддршка на животниот стандард на сите наши сограѓани“.

Очигледно е дека во СДСМ се уште не ги симнале розовите очила, па затоа имаат така „разубавен“ поглед на реалноста во која живеат огромно мнозинство на наши граѓани. А реалноста е урнисан стандард и очајни граѓани кои не знаат како да го поминат месецот со примањата кои секој ден вредат се помалку.Во оваа изјава Пачешкоски се фали дека СДСМ успеале да ја зголемат минималната плата на 18.000 денари, како и дека просечната плата само што не го достигнала нивото од 30.000 денари, што впрочем беше нивно предизборно ветување.

Прво, концептот за минимална плата за прв пат го промовираше токму ВМРО-ДПМНЕ, кога од СДСМ не ни знаеа што е тоа минимална плата.

Второ, минималната плата од 18.000 денари е изнудена од страна на работничките синдикати, а не е ваша мерка што ја воведување за да го подобрите стандардот на најниско платените работници. Но, освен што се зголеми минималната плата, требаше по некаков автоматизам де се зголемат и платите на останатите работници. Ова барање на синдикатите ќе се реализира веднаш или допрва ќе се преговара-јавноста и работниците чекаат одговор;

Трето, бидејќи во претходниот период се случува вртоглав пораст на сите цени, а особено на цените на основните животни продукти, овие 18.000 денари денес, а и во иднина ќе вредат помалку од тие 8.000 денари што пред 10-тина годни ВМРО ДПМНЕ ги одреди за минимална плата;

Четврто, велите дека просечната плата само што не го достигнала нивото од 30.000 денари, односно само што не сте го исполниле вашето предизборно ветување. Знаете ли господине Пачешкоски колку работници земаат просечна или натпросечна плата?

Точно е дека просечната плата исплатена во 01/2022 година, според соопштението на Државниот завод за статистика е 29.980 денари. Конкретно кажано, според истото тоа сооштение, просечната плата исплатена на работниците во земјоделие е 24.800 денари, во прехрамбената индустрија е 23.000 денари, во производството на текстил е 23.400 денари, а во производството на облека е 18.900 денари. Оние работници што работат во индустријата за преработка на дрво имаат просечна плата од 21.300 денари, а во производството на мебел имаат просечна плата од 20.900 денари.Просечната плата кај работниците во градежништвото е 27.000 денари, кај работниците во комуналните дејности е 23.700 денари, додека кај работниците во угостителството е 21.700 денари. Просекот од речиси 30.000 денари го прават платите на вработените во телекомуникациите, банките и другите финансиски институции и во јавната администрација.

Петто, вашите политики во економијата најдобро можат да се видат преку бројот на затворени дуќани во старата чаршија, но и преку бројот на млади лица кои ја напуштиле Македонија во потрага по работа и подобар живот во странство.

Животниот стандард на граѓаните не се подобрува ниту со зголемена социјална помош, ниту со привремени мерки на еднократни надоместоци кои денес се исплаќаат, а утре не. Стандардот на граѓаните се подобрува со отворање на нови работни места каде што секој ќе заработува за пристоен живот. Затоа, господине Пачешкоски, одговорете пред јавноста колку странски или домашни инвестиции се реализирани во Прилеп?

Почитувани сограѓани,

Реалноста во која живееме сите ние е далеку од она што партиските челници на СДСМ го гледаат преку розовите очила. Реалноста е тешка, со урнисан животен стандард, бесперспективност, ситуација на КОВИД-криза, енергетска криза, економска криза. Цената ја плаќа народот. Затоа се потребни итни предвремени избори. Република Македонија и граѓаните заслужуваат да ги водат луѓе кои ќе знаат како да менаџираат и да се справат со сите предизвици, “ се вели во реакцијата од ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

ВМРО ДПМНЕ и во Прилеп собира потписи за одлагање на пописот

Елизабета Филипоска

Предновогодишен хуманитарен базар на ОО на СДСМ Прилеп

Елизабета Филипоска

Роковник за промена – Нови регистарски таблички “NMK” за 4 месеци, нови табли за институциите на централно и локално ниво, нови пасоши, нови банкноти….

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе