8.7 C
Прилеп
петок, 8 ноември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО)Зголемен бројот на пациенти во интерното, хируршкото и нервното одделение во Прилеп

Само тројца ковид пациенти се хоспитализирани на инфективното одделение во Општата болница во Прилеп, но затоа се полнат другите одделение што не се случило со години. Дел од нив имаат постковид компликации. Модуларната ковид болницата , која беше пуштена помпезно во овој период од годината со присуство на премиерот и тогаштниот министер за здравство минатата година, денеска е вон функција.(Целиот прес можете да го ПОГЛЕДНЕТЕ подолу во текстот)

„Таа немаше технички прием,  но беше неопходна во тој период поради зголемениот број на ковид заразени „ истакна Кети Смилеска, директор на болница со проширена надлежност во Прилеп и најави нејзина преадаптација во болнички оддел кои ќе го користат пациентите „ можеби за физикална терапија„, рече таа.

Според Кети Смилеска, моментно најмногу пациенти има на интерното одделение, на хирургија и на невро-психијатриското одделение.

„Бројката од 70 хоспитализирани пациенти во другите одделенија ја немаше поселедните години и мислам дека последиците сега се одразуваат на работата на другите одделенија. Има дел кои имаат посковид компликации, дел  коморбидитети на кои, можеби досега не сме посветиле внимание поради ковид ситуацијата. Ова се бројки за анализа, тераат на размислување, но се надевам набрзо ќе се подобри ситуацијата. Затоа е битно обрнување внимание на комплетното здравје, физичко и ментало„, рече  Смилеска на денешниот  прес конференција по повод  7 Април, Светски ден на здравството,

Што се однесува до вакцинирање на населението од ковид 19 Смилеска вели дека имунизацијата активно се препорачува како превентива, иако интересот е мал.  Здравствениот сектор е целоно вклучен во апелите.

А, според неа кадровската слика бо болницата не е лоша,  но секогаш има недостиг на млад стручен медицински кадар, вели таа

„Тројца лекари ја завршија специјализацијата   , но ќе треба да почекаме на тие кои лани заминаа на специјализација. Се вратија тројца специјалисти на гинекологија , лани испративме 27 специјалисти  и сега ќе очекаме 4-5 години да се вратат назад .Најкритично е на ренген и затоа ангажираме лекари од другите болници ,сега доаѓа лекар од Бирола, очекуваме уште еден и плус имаме докторка која доаѓа од Скопје.Имаме ангажирано вработени по договор на дело,ги обновивме договорите ,за што согласност ни даде министерството за финасии и здравство.Ние континуирано бараме согласност за ангажирање на овие луѓе на неопределено време,но засега немаме добиено таква согласност и ги ангажираме само на договор на дело.„ рече таа и ја најави магнетната резонанаца како апарат за кој опременоста на болницата моментно е солидна ,„Сега е последната обука на персоналот„, додаде Смилеска.

Целитот прес можете да го погледенте тука,каде Смилеска говори  за неплаќањето на партиципацијата кај дел од , за тоа зошот досега не е во функдија Ургентниот центар, за условите и третманот во болницата :

https://www.facebook.com/radiopela/videos/523471845834585

 

 

Би можело да ве интересира

РК Прилеп сеуште на дофат до сигурен опстанок во Супер лигата

Пела Редакција

Прилепскиот адет „Амкање“ го најавува запостувањето

(ВИДЕО)Јакимовска: Промените, одговорот и решението е во нас самите!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе