11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Без резервни играчи издржаа 90 минути и постигнаа 11 гола

Ретко се забележува фудбалски натпревар каде 90 минути нема извршено ниедна измена. Сепак, тоа го има во најниските рангови. Така беше токму на дуелот Пролетер – Прилеп Сити, во 5. коло од Општинската Б-лига на Прилеп.

Во домашната екипа имаше еден играч на резервната клупа кој не влезе во игра, а во гостинската немаше ниеден резервен фудбалер.

Така двата ривала со тие постави што започнаа, со истите го завршија мечот. Не само што издржаа по студеното време на игралиштето со вештачка трева, туку и им успеа да постигнат 11 гола. Пролетер даде шест гола – три од Денис Шерифоски, по еден од Ернес Алиоски, Асан Еминоски и Енис Асаноски, а за Прилеп сити два даде Димитар Грозданоски, по еден Виктор Димоски, Оливер Петрески и Александар Јанкулоски.

Беше прва победа за Пролетер кој во наредното коло оди во Боротино, додека Прилеп сити првиот триумф ќе го бара дома со Стрела.

Преземено:Шампион

Би можело да ве интересира

Со пресврт до реми во Штип за крај на есенската полусезона за Победа (ФОТО)

Никола Димески

ПОБЕДА „ИЗВАДЕ„ НЕРЕШЕНО СО АЛБАНСКИОТ СУПЕРЛИГАШ НА ГРАДСКИ

Елизабета Филипоска

ФК Победа со победа ја започна сезоната во ПМФЛ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе