27 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

МВР: Украдени 108 шишиња масло од канабис и шест кеси со иглички од цвет од „5 летерс“ кај Алданци

Oд фабриката „5 Летерс“ кај селото Алданци, крушевско, која имаше лиценца за одгледување на марихуана, се украдени 108 шишиња масло од канабис и шест најлонски кеси со иглички од цвет од канабис потврдуваат од МВР.

„На 19.4.2022 во 11.31 часот во СВР Битола, раководител на агенција за обезбедување пријавил дека во периодот од 18:30 часот на 18.4.2022 до 6:30 часот на 19.4.2022 во фабрика за производство на марихуана во стечај во близина на село Алданци, крушевско, било влезено со употреба на сила и погоден алат и биле одземени 108 шишиња масло од канабис и шест најлонски кеси со иглички од цветот од растението канабис. Увид на местото извршиле увидни екипи од Надворешните канцеларии за криминалистички работи Крушево и Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Утрово пратеникот Драган Ковачки на својот профил на Фејсбук објави дека е ограбен канабис во вредност од 2 милиони евра од фармата за производство „5 летерс“ кај крушевското село Алдинци.

Би можело да ве интересира

Во Битола и Охрид фатени на дело двајца прилепски крадци

Крадел предмети од автомобил, па го фатиле

Колешка нападнала колега, вработени во јавно претпријатие во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе