5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

9 Мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Ширум Европа денеска се одбележува 9 Мај како Ден на победата над фашизмот и 9 Мај како Ден на Европа, во знак на сеќавање на завршувањето на Втората светска војна во Европа во 1945 година и почеток на создавањето на Европската унија, пет години подоцна.

Денот на победата над фашизмот е ден кога нацистичка Германија потпишала капитулација во Втората светска војна. На денешен ден заврши Вторта светска војна, најкрвавиот судир во историјата на човештвото во кој загинале околу 55 милиони лица, од кои речиси 31 милион цивили, а повредени се околу 35 милиони луѓе. Војната се водела на териториите на тогашни 60 држави.

Во Берлин малку по полноќ на 8 мај, односно првите минути на 9 мај 1945 година е потпишана безусловна капитулација на нацистичка Германија.

 

Денот на Европа – 9 Мај, е воспоставен како ден на сеќавањето на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година,  која се смета за прв официјален чекор во создавањето на ЕУ.

Декларацијата била предлог за поранешните непријатели, Франција и Германија, да воспостават организација која заеднички ќе управува со нивните индустрии за јаглен и челик, со цел војната во Европа никогаш да не се повтори.

Предлогот доведе до создавање Европска заедница за јаглен и челик во 1951 година, претходник на Европската економска заедница, односно денешната ЕУ.

Од шест на 12, 15 , од заедница за јаглен и челик до заеднички пазар, до политичка унија со амбиција да прерасне во вистински геополитички фактор, денес ЕУ ја сочинуваат 27 земји членки, откако Велика Британија по т.н. Брегзит официјално излезе од Унијата на 1 февруари 2020 г.

Би можело да ве интересира

Започна изградбата на резервоар за вода во Белушино

Гордана Цветаноска

Општинскиот кризен штаб заседаваше, активни 2 пожари во прилепско

Гордана Цветаноска

Двочасовна блокада на сообраќајот, вработените од Еурокомпозит најавуваат порадикални протести

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе