16.7 C
Прилеп
недела, 27 април, 2025
Пела Радио

КОИ КОМПАНИИ ПРЕГОВАРААТ ЗА ВЛЕЗ ВО ПОБЕДА?

Фудбалскиот клуб Победа пак е прволигаш и сега сите погледи на прилепчаните се свртени кон новото првенство. Како еден од приоритетите е решавањето на финансискиот дел. Повисок ранг на натпревари – поголем буџет. Кон таа цел веќе совреме се движат активностите. Како што дознаваме, се јавиле заинтересирани неколку компании кои покажале интерес да влезат во клубот.  Ова секако е очекувано, со оглед на случувањата од август па наваму, патот кон Првата лига, играта, резултатите на Победа, амбиентот од илјадници гледачи во Прилеп. Со компаниите веќе почнале преговори. Доколку се постигне договор, клубот ќе ги објави деталите.

Во меѓувреме, следи обврската за одигрување на последниот дерби-меч со Слога во Виница, потоа е одморот во кој ќе има преговори со тренерите и играчите за благовремено да се знае кој ќе се појави на првата прозивка во пресрет на подготовките за Првата лига.

Извор: www.shampion.mk

Би можело да ве интересира

На Градски утре “премиера” на Победа

Гордана Цветаноска

Јада најдобар на третиот „ФИС ролер ски куп Тоше Проески“

Гордана Цветаноска

Нов триумф за фудбалерките на Деспина за време на подготовките

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе