11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

Се асфалтираат улиците во Прилеп – Николоски задоволен од работата на градоначалниците

Започна асфалтирањето на ул. „Киро Пајмакоски„ дел од ул.Јоска Јорданоски и ул „Браќа Ламески“  во должина од 400 м., како и ул. Дабнички завој во должина од 300 м. Воедно, започнуваме денеска и со рехабилитација на старата дотраена водоводна мрежа на плоштадот „Методија Андонов Ченто„ од споменикот на Пеце Атанасоки до основното училиште „Кочо Рацин, инвестиција од 25 милиони денари.Нареден чекор ни е рехабилитација и на други улици кои што во овие 2 до 3 месеци навистина ќе одекне добро за Прилеп да изгледа поубав, попристапен и регулирање на сообраќајот,„. – посочи  грдоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески на денешната средба со потпредседателот на партијата и пратеник од ВМРО ДПМНЕ , Александар Николоски, кој го посети Прилеп и ги разгледа тековните акитнвостите поврзани со  уредувањето на градот во рамките на активноста на партијата  насловена „Промените се случуваат, секогаш со народот“

.

Јас како пратеник кој доаѓа од 4ИЕ, сум задоволен од работата на градоначалниците кои ги предложивме и се избрани во општините од оваа ИЕ.  Со оглед на оваа криза , економска, енергетска, во рамките на нивните можности, навистина прават максимално за да ги реализираат најавените проекти. Тука, во Прилеп имаме  навистина сериозна промена и во односот на граѓаните и во инфрструктурата, кои се чуствуват, иако е периодот краток, само 6/7 месеци, за целосно да се видат резултатите од работењето на градоначалниците и од реализирањето на проектите. Но, ако по денот утрото се познава,  стартот е навистина добар!„ – рече Александар Николоски , пратеникот и  потпредседателот на ВМРО ДПМНЕ , најавувајќи при тоа и  голем општонароден митинг на опозицијата кој е планиран  да се реализира за 18-тина дена,  со барање за предвремни парламентарни избори. „Се надевам дека тој митинг ќе е освестување за СДСМ и ДУИ, за после тоа да седнеме и договориме датум за предвремени парламентарни избори како единствено решение за излез од оваа криза„,рече Николоски

 

Би можело да ве интересира

Прилепската чаршија ве кани на „Prilep OUTLET Weekend“ на 17ти и 18ти февруари!

Гордана Цветаноска

Ирена Јакимовска и Анита Блажевска потпретседатели на Управниот одбор на Стопанската комора

Пела Редакција

Со регистрација до СКУТЕР – Авто Контрол Прилеп наградува!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе