15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Ќе се уништуваат комарците во Општина Кривогаштани

Врз основа на одлуката на ЕЛС- Кривогаштани за спроведување на превентивна систематска дезинсекција, Центарот за јавно здравје – Скопје информира дека ноќта  во понеделник кон вторник  (на 06-07.06.2022на )  на територијата нa Општина Кривогаштани екипа од Центарот за јавно здравје – Скопје ќе спроведува адултицидна терестичка дезинсекција против комарци , па пчелари да ги затворат пчелите Дезинсекцијата ќе се изврши со биоцид со активна материја Deltamethrin, со концентрација препорачана од производителот.

Со цел избегнување на евентуални несакани последици се информираат пчеларите кои чуваат пчели на оваа општина да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар,дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
Доколку граѓаните не се придржуваат на горенаведените превентивни мерки ЦЈЗ- Скопје се оградува од секаква одговорност од појава на несакани последици-информираат од Ј.З.У. Центар за јавно здравје -Скопје , Епидемиологија со Служба за ДДД

 

Би можело да ве интересира

Кривогаштанец се степал во кафеана и бил приведен од полицијата

(ВИДЕО) Локализиран нов пожар на отворено на територијата на општина Кривогаштани

(ГАЛЕРИЈА)Отворена фото изложбата „Слики кои раскажуваат вистински и искрени приказни“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе