5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Редуцирани редовни линии – јавниот градски превоз се вклучува во штрајкот на ССМ

Утре, (22. 06 2022) во генералниот штрајк на јавниот сектор се вклучува и ЈП за ПУП Прилеп, под чија надлежност е и Јавниот градски превоз во Прилеп . Па, граѓаните утре не ќе можат да ги користат редовните градски линии туку ЈП за ПУП , најави вондредни, редуцирани линии, бидејќи и тие ќе штрајкувале.
Во соопштението до јавноста  ( објавно на нивната фејсбук фан страна, што ја користат како медиум – па кој видел – видел )  се вели:  „Поради најавениот генерален штрајк на ССМ, почнувајќи од утре (22.06.2022г.-среда), јавниот градски превоз ќе сообрајќа по вонредната линија на секои 2 часа, односно на парните саати од хотел Салида(06:30, 08:30, 10:30, 14:30 и 16:30) и  непарните саати од Нови Гробишта(07:30, 09:30, 11:30 и 15:30)., велат во своето соопштение од ЈП за ПУП, односно од Јавниот градски превоз –  Прилеп и додаваат дека  за прекинот на штрајкот граѓаните ќе биле дополнително известени.

 

Инаку, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) од утре (22 јуни) почнува генерален штрајк во јавниот сектор. Штрајкот ќе се изведува со присуство на работниците на своите работни места, но со прекин на работниот процес во работно време во органите на државната и на локалната власт и други државни органи – институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, армијата, полицијата, пожарникарите како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од државата или од општините.

Како што соопшти ССМ, утре вработените во јавниот сектор од 10 до 11 часот ќе застанат надвор пред просториите на работодавачот.

Исто така, утре во Скопје пред Собранието ќе бидат поставени 120 столчиња за пратениците во период од 10 до 14 часот и со тоа ќе биде прекинат сообраќајот на коловозните ленти. Подготовките за поставување на столчињата ќе започнат во 9 часот. На 23 јуни, пред Владата во Скопје,  ќе биде поставено 21 столче за членовите на Владата во период од 10 до 14 часот и со тоа ќе биде прекинат сообраќајот на коловозните ленти. Подготовките за поставување на столчињата ќе започнат во 9 часот. А,на  24 јуни пред Министерството за финансии ќе упатат пораки до министерот од 10 до 14 часот.

Би можело да ве интересира

Прилеп одбележа 121 година од погибијата на Гоце Делчев и 112 години од смртта на Пере Тошев

Пела Редакција

Пунктот е отворен за донации за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

Гордана Цветаноска

Проф. Арсов: Генетиката игра важна улога во раното детектирање на ретките болести

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе